World Bulk Wine Exhibition (WBWE) 2015, Амстердам, Холандија

Пон, 23 Nov 2015 to Вто, 24 Nov 2015
Амстердам, Холандија

Седмиот по ред Светски саем за наливно вино (World Bulk Wine Exhibition- WBWE) ќе се одржи на 23ти и 24ти ноември во Амстердам, халите 4 и 5 на Amsterdam RAI. Овој саем од година во година има се повеќе учесници, па така оваа година изложувачкиот простор е зголемен за 20%, а се бележи и зголемено учество на изложувачи за 15% кои доаѓаат од дваесет и една земја од светот. Аргентина, Австрија, Белгија, Чиле, Кина, Франција, Грција, Унгарија, Косово, Италија, се само некои од земјите кои ќе се престават со своите вина на овој единствен саем за наливно вино во светот. 

Регистрацијата на учесниците е сеуште отворена, а повеќе информации за саемот и условите за учество се достапни на следниов линк:

http://www.worldbulkwine.com/ing/inicio.php