Вино-Скоп 2015

Сре, 30 Sep 2015 to Нед, 04 Oct 2015
Скопје, АкваПарк паркингот позади С.Р.Ц „Борис Трајковски“

   Деветиот по ред вински фестивал на македонски вина, Вино Скоп 2015, ќе се одржи од 30-ти септември до 4-ти октомври во Скопје, на нова локација позади С.Р.Ц „Борис Трајковски“ на паркингот кај АкваПарк.

   Повеќе од дваесетина македонски винарии ќе земат учество, а посетителите ќе може да уживаат во македонсите вина по промотивни цени. Публиката како и секоја година ќе ја забавуваат бендови и познати музичари како Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Миле Кузмановски, Куку Леле, Тони Зен и Флека, Лозано, Тијана Дапчевиќ, Суперхикс, Ристо Самарџиев, Тајзи, Бета Хаус и многу други.