Terravino Mediterranean International Wine & Spirit Challenge 2015

Нед, 08 Nov 2015 to Чет, 12 Nov 2015
Тел Авив, Израел

Terravino Mediterranean International Wine & Spirits Challenge 2015 оваа година слави 10 годишнина од своето постоење. На овој вински натпревар секоја година со свои примероци учествуваат речиси триесетина земји од целиот свет, а Terravino се покажа и како одличен начин за влез на многу интернационални винарии на израелскиот пазар на вина и алкохолни пијалаци. 

Интересно е да се спомене дека на овој натпревар вината се поделени во категории и според нивната цена, така да не може да се случи во иста категорија да се натпреваруваат вина со голема ценовна разлика. Во највисоката ценовна категорија производите се натпреваруваат за злато или дупло злато. 

Terravino Mediterranean International Wine & Spirits Challenge 2015 ќе се одржи од 8ми до 12ти ноември во Тел Авив. 

Пријавување и плаќање:
Цената на пријавување  е 170 $ или 160 Euro од примерок, односно за секој примерок треба да се достават 4 флаши вино или две флаши алкохолен пијалак. Крајниот рок на пријавување и плаќање е 30/09/15

На следниов линк може да ја симнете апликацијата за пријавување, http://www.mediterraneaniwc.com/formulario.html
Информации за испраќање на примероците: please read and follow the shipment instruction
Лице за контакт: Moises Spak, mas@mediterraneaniwc.com, cel+972543969459