Розе вино

Розе

Розé (од француски: rosé, познат и како rosado во земјите од шпанско говорно подрачје или rosato во Италија) е вид на вино штоделумно има боја типична за црвеното вино, но едвај доволно за да стане розово. Розовата боја може да се протега во распон од бледо портокалова до светловиолетова, во зависност од грозјето и техниките за производство на вино.

Техники за производство

Постојат три главни начини за производство на виното розé: преку контакт со лушпи, saignée и мешање.

Метод на добивање розе вино преку контакт со лушпи

Кога розé виното е примарен производ, тогаш се добива преку методот на контакт со лушпи. Црнолушпесто грозје се дроби и лушпите се оставаат во контакт со сокот во еден краток период, најчесто од еден до три дена. Ширата се пресува, а лушпите се отстрануваат наместо да се остават во контакт за време на ферментацијата (како при производство на црвено вино). Лушпите содржат многу танини и други состојки, поради што структурата е налик на белите вина. Колку подолго лушпите се во контакт со сокот, толку поинтензивна ќе биде бојата на финалното вино.

Saignée

Розé виното може да се добие како нус-производ при ферментација на црвеното вино со употреба на техниката позната како Saignée (на француски крвави). Кога винопроизводителот сака да вметне повеќе танин и боја на црвеното вино, одредена количина од розовиот сок од ширата може да се оддели во рана фаза. Црвеното вино што останува во бочвите се интензивира како резултат на крвавењето, бидејќи количината на сок во ширата е намалена, а ширата што ќе се подложи на омекнување е концентрирана. Розовиот сок што е отстранет може засебно да ферментира за да се добие розé.

Блендирање

Во други делови на светот, блендирањето (мешањето), просто додавање на црвено во бело вино со цел да се добие боја, е невообичаено. Овој метод не се поддржува во повеќето винопроизводни региони, особено во Франција, каде што е забранет со закон, освен во областа Шампањ. Дури и во оваа област, неколку врвни производители наместо овој метод го употребуваат методот saignée.

Газираност

Розé виното може да биде негазирано, полу-пенливо или пенливо.

Стилови вино добиени од бело грозје (Портокалово вино)

Портокалово вино

Портокаловото вино, познато и како килибарно вино, е тип на вино добиено од сорти на бело винско грозје што поминале одреден период на омекнување во контакт со лушпите. Портокаловите вина го добиле името од потемната, благо портокалова нијанса што белите вина ја добиваат поради нивниот контакт со обојувачките пигменти од гроздовите лушпи. Овој стил на добивање вино е целосно спротивен од начинот на добивање розé кој вклучува процес на рано отстранување на лушпата од црвените гроздови зрна, давајќи му на виното благо розовкаста нијанса. Традицијата за производство на килибарно вино особено се одржува во кавкаската република Грузија. Најпознати вински сорти од кои се добива килибарно вино се мцване и ркацители.