Саеми и фестивали

Саем за наливно вино, World Bulk Wine Exhibition 2013, Амстердам- To Bulk Or Not To Bulk

World Bulk Wine Exhibition 2013
Петок, Октомври 25, 2013 - 10:00 to Сабота, Октомври 26, 2013 - 18:00
Амстердам, Холандија

Петиот по ред Саем за наливно вино,World Bulk Wine Exhibition, ќе се одржи од 26ти до 27ми ноември во Холандија, поточно Амстердам, RAI Hall 2.

Минатата година на овој саем, учество земаа 130 винарии од единаесет земји од пет континенти, и тоа најмногу од Франција и Шпанија. Колку и да звучи неверојатно, според светската организација за вино и лозарство (OIV), речиси 38% од светското производство на вино отпаѓа на наливното вино.

И знам дека како вински критичари, ентузијасти и дегустатори, се бориме виното да биде флаширано, мора да признаеме дека голем број од винариите во Македонија сеуште извезуваат наливно вино и тоа најмногу во Србија и Германија.

Доколку сакате да учествувате на World Bulk Wine Exhibition, а имате преку 2 милиони литри наливно вино, може да го контактирате организаторот на овој саем, Томас Брендл, на thomas.brandl@xenos-comm.de, а повеќе информации за саемот се достапни на следниов линк http://www.worldbulkwine.com 

Голем тест на најдобрите вина во Србија

Голем тест на најдобрите вина во Србија
Петок, Ноември 8, 2013 - 10:00 to Недела, Ноември 10, 2013 - 18:00
Белград, Србија

Големиот тест на најдобрите вина во Србија во организација на српскиот портал за вино www.vino.rs ќе се одржи од 8- 10 ноември 2013 во белградскиот хотел Зира.

http://www.vino.rs/akcije/veliki-test-2013.html

 

International Wine Tourism Conference Georgia 2014

Сабота, Март 29, 2014 - 08:30 to Недела, Март 30, 2014 - 17:00
Тбилиси, Грузија

   Од 29ти до 30ти март 2014, Грузија ќе биде домаќин на шестата по ред IWINETC 2014, Интернационална конференција за вински туризам, која ќе се одржи во хотелот Мериот. IWINETC 2014 нуди можности за бизнис, едукација и поврзување на професионалците од светот на виното и кулинарството кои сакаат да го подобрат текот на својата кариера и бизнис како и за сите присутни гости.   

  IWINETC е организирана од WIne Pleasure и се смета за најпознат и најбитен настан за интернационалниот вински туризам. Во текот на двата дена ќе се одржат многу предавања и ќе може да се одбере од повеќе од триесет професионални едукативни можности. Предавачи од целиот свет ќе бидат присутни да ги пренесат последните новости од светот на винскиот туризам и кулинарската индустрија. Целта на IWINETC е комерцијализација на винскиот туризам, благодарение на можноста на исто место да се соберат интернационални патувачки агенти и вински тур оператори-преставници на битни вински пазари од Азија, САД, Норвешка, Шведска, Германија и Велика Британија. 

Повеќе информации на http://www.iwinetc.com/

The Balkans International Wine Competition 2014

Четврток, Јуни 5, 2014 - 12:00 to Недела, Јуни 8, 2014 - 18:00
Софија, Бугарија

Dear lovers of Balkan wines,

We are delighted to announce that our third BIWC 2014 Competition is scheduled for June 5 (Thursday) & June 6 (Friday) (not open for public) while the BIWC 2014 Festival follows through on June 7 (Saturday) from 12:00 to 19:00 & June 8 (Sunday) from 12:00 to 18:00 (open for public) at Grand Hotel Sofia, Bulgaria.

Specialized Trade & Media Tasting for the BIWC 2014 panel of judges, distinguished importers, distributors, wine buyers, wine critics, journalists and bloggers is scheduled for June 7, 2014 (Saturday) from 11:00 to 13:00 also at Grand Hotel Sofia, Bulgaria.

BIWC 2014 Competition is dedicated to wines from the Balkan region in order to attract attention of the global wine community. The organizing committee has invited wine producers from each country of the South-East Europe and other countries to participate both at the BIWC 2014 Competition by sending samples of their best wines and at the BIWC 2014 Festival to showcase at Grand Hotel Sofia their great wines to the local and international public.

Last year, from May 16-19, 2013, we had more than 400 wines, coming from close to 100 wineries originating from 10 countries, submitted for BIWC 2013 Competition. More than 50 wineries were presenting their wines to the public at Grand Hotel Sofia during the BIWC 2013 Festival. Our first and second Competition and Festival in 2012 and 2013 created truly a great awareness among the global wine fraternity. We have successfully communicated the results of our competitions and created relevant Catalogues with valuable information for wine importers, buyers and distributors and also had extensive media coverage of these events.

This year our Panel of Judges will be composed from the top global wine personalities. They shall taste the best wines of the Balkans and re-discover their unique character, richness, nuances and regional complexities. With the entire infrastructure perfectly in place, encouraged with the great response to our project throughout last two years, we are absolutely dedicated to further promotion and branding of Balkan wines. We have secured a great media coverage of the BIWC 2014 Competition and Festival through various TV, radio, newspapers, magazines, web, local and global social networks and our message will definitely be carried through.

We endeavor hard to continue our campaign of promotion and branding of Balkan wines helping them find their way to the tables of the world’s wine-loving communities and earn their appropriate share of the global wine market!

Please follow all these exciting developments via our official website: www.balkanswine.eu

For more information please contact Dusan Jelic, BIWC 2014 Social Media Manager, at: dusan@balkanswine.eu

Sélections Mondiales des Vins Canada (SMV Canada)

Сабота, Мај 31, 2014 - 12:00 to Четврток, Јуни 5, 2014 - 12:00
Квебек, Канада

Sélections Mondiales des Vins Canada е најголемиот вински натпревар во Северна Америка, основан во 1993-та под покровителство на International Organization of the Vine and Wine (OIV), "Union Internationale des Enologues" (UIOE) и World Federation of Major International Competitions of wines and spirits (VinoFed). Медалите кои се доделуваат се светски признаени од страна на купувачите и јавноста, како во Канада, така и во САД. Натпреварувачите и победниците на Sélections Mondiales des Vins Canada (SMV Canada) ја зголемуваат препознативноста на своите вина кај милионските консументи, посебно во Северна Америка.

Сите заинтересирани македонски производители може да ги пријават своите продукти на ова винско натпреварување со online регистрирање и користење на следниот промотивен код, со кој добиваат 3% попуст.  

Промотивен код: GAL2014
Пследен датум за пријавување: април 15, 2014
Датум на прием на примероци: април 30, 2014
 
За понатамошни информации контактирајте на Полина Отсетова.
Pollina Otsetova
Adjointe à la Direction SMV
305, boul. René-Lévesque Ouest
Québec (QC) CANADA  G1S 1S1
Tél. : 418-263-0407
Fax. : 418-683-2899
info@smvcanada.ca
www.smvcanada.ca

Dalmacija Wine Expo 2014

Четврток, Април 24, 2014 - 12:00 to Петок, Април 25, 2014 - 12:00
Сплит, Хрватска

Dalmacija Wine Expo 2014- Фестивал за вино и гастрономија
http://www.dalmacijawineexpo.com/

 Петиот по ред Dalmacija Wine Expo 2014 ќе ги спои добрата храна и вината од земјите на Медитеранот во прекрасниот Сплит. 

Изложба на вина која ќе се одржи во хотелот Radison Blu на 24ти и 25ти април е главниот дел од овој фестивал, кој изобилува со богата програма која вклучува предавања, мастер часови и следниве манифестации во склоп на фестивалот.

- Business Zone- каде излагачите и угостителите ќе може полесно да комуницираат и каде винарите ќе може полесно да им се престават на своите клучни клиенти


- Perfect Match-каде партнерот Apfel со иновативен начин на оценување на вината каде познавачите на гастрономија бираат вино кое најдобро се спарува со некое од типичните јадења кои се служат во рестораните во Далмација. Оценувачи се 36 водечки далматински угостители и еногастро новинари кои на слепа дегустација ги пробуваат вината и ги оценуваат. Оваа веќе традиционална манифестација на фестивалот се покажа како мошне добра идеја, и тоа не само за одличните резултати на продажба на вината кои победиле, туку и за проширување на перспективите на сопствениците на рестораните при припремање на вински карти. 

- Ѕвезди на кујната- иако одржана по прв пат минатата година, манифестацијата „Ѕвезди на кујната“ се покажа како успешна и тоа на задоволство на сите учесници и посетители. На денот на одржување се бараше место повеќе, а речиси сите ресторани беа букирани уште по претпладневните саати. Шест врвни готвачи од Хрватска како и шест водечки ресторани во Макарска кои беа домаќини, им овозможија на посетителите да уживаат во врвната гастрономија по доста прифатливи цени. 

- 40 ТОП ресторани- Изборот на 40 најдобри ресторани во Далмација е уште една манифестација која се покажа како успешна. Критериумите за номинација на најдобрите ресторани при посета на некој од нив. Сите оние кои ги оценуваат рестораните се одлични познавачи на гастрономијата, најчесто се регрутирани од фелата на готвачите, сопствениците на ресторани, гастро и ено новинари, како и познати гурмани. Покрај изборот на 40 најдобри ресторани во Далмација, се бира и нај wine-friendly ресторани. Гласачите во овој случај ја земаат во обзир целосната палета на вината кои се нудат, со посебно внимание на усогласеноста на винската листа со видот на храна кој се служи, потоа големината на винската листа во која посено внимание се посветува на винските региони и понудата на истите како вино во чаша, и едуцираноста на персоналот кој ги послужува и сервира вината. 

- Училиште за вино- еден од основните цели на Dalmacija Wine Expo е да укаже на потрребата од континуирана едукација, и на интересен начин да ги приближи светските искуства и новите трендови во угостителскиот сектор. Сакаме да створиме нови вински љубители и поради тоа инсистираме на едукација и посебно водиме сметка за активно вклучување на угостителите на фестивалот ( сопственици и персоналот). 

- Винска забава


 

Pages