Саеми и фестивали

Вински и гурмански викенд во Загреб (Zagreb Wine Gourmet Weekend)

Загребски вински и гурмански викенд
Петок, Април 19, 2013 - 09:30 to Сабота, Април 20, 2013 - 18:30
Загреб, Хрватска

По минатогодишното успешно прво издание на Загребскиот вински и гурмански викенд (Zagreb Wine Gourmet Weekend) во Глиптотека ХАЗУ (Gliptoteci HAZU) и центарот Каптол (Centar Kaptol), и овогодинешниот фестивал ќе се одржи на исто место на 19ти и 20ти април. Отварање на фестивалот ќе биде во четврток, 18ти април, кога и ќе бидат организирани неколку работилници и вечерна програма од забавен карактер кој е заштиитен знак на оваа винска и гастрономска манифестација.

Zagreb Wine Gourmet Weekend (ZWGW) е едna од најпознатите регионални изложби на вина и гастрономија како и неизбежно место за презентација и промоција на вина и храна како на домашните, хрватски, така и на странските купувачи и медиуми, но и место каде оние кои се заинтересирани може да се информираат за најновите меѓународни трендови и искуства од областа на винарството и гастрономијата.

http://zagrebwinegourmet.com/en

Фестивал посветен на дамата Модра франкиња

Сабота, Септември 7, 2013 - 15:00 to 22:00
Севница, Словенија

На 7ми септември во Севница, Словенија, по трет пат, ќе се одржи винскиот фестивал Модра франкиња. Фестивалот е посветен на оваа сорта грозје која е многу распространета во Словенија, во двата вински региони (по долинитие на реката Сава и Драва), односно во петте вински региони (Штаерска, Прекмурје, Бизељко-Сремчич, Доленска и Бела Крајина). Оваа сорта потекнува уште од средниот век, а името го добива по регионот Франконија во Германија. Денес најмногу се одгледува во Словенија, Австрија, Унгарија, Германија, Словачка и Чешка.

На фестивалот ќе му претходи оценување на примероци на оваа сорта кое ќе се одржи на 29ти август во градот Севница www.grad-sevnica.com.

Интересно е што името Модра франкиња асоцира на дама, па директорот на фестивалот, Рок Петанчиќ, се одлучи жирито кое ќе ги оценува примероците вино, да биде составено само од дами.

Во тек е пријавувањето на примероци кое ќе трае до 23ти август 2013. Повеќе информации за фестивалот и пријавувањето на следниов линк http://www.modra-frankinja.com/index.html

Pages