Саеми и фестивали

ProWein 2015, Duselldorf, Germany

Недела, Март 15, 2015 - 12:00 to Вторник, Март 17, 2015 - 20:00
Duselldorf, Germany

На 15ти март во Дизелдорф, Германија, започнува ProWein 2015, можеби најпрестижниот вински саем во светот. Саемот е отворен до 17ти март, а македонските винарии кои се членови на здружението WInes of Macedonia, ќе ги презентираат своите вина во сала број 12- G21. Повеќе информации на следниов линк http://www.prowein.com/cipp/md_prowein/custom/pub/content,oid,19791/lang...

Concours Mondial de Bruxelles 2015, Јесоло, Италија

Concours Mondial 2015, Јесоло, Италија
Петок, Мај 1, 2015 - 08:00 to Недела, Мај 3, 2015 - 20:00
Јесоло, Италија

Регистрацијата за винариите е отворена до 6ти март, се очекуваат повеќе од 8000 вина од 40 земји од целиот свет

Concours Mondial de Bruxelles (CMB), е едно од најпрестижните вински натпреварувања во светот кој оваа година, од 1ви до 3т мај, ќе се одржи во Венето, во италијанскиот град Јесоло. Во последните 20 години, CMB се одржа на локации како Бордо, Лисабон, Валенсија, Палермо и Братислава, како и градови во едни од земјите кои се најголеми консументи на вино, како Маастрихт (Холандија) и се разбира, главниот град на Европа, Брисел. За дваесет и првото издание на CMB во Јесоло, се очекува да бидат пријавени повеќе од 8000 вина од преку 40 земји, како и 300 дегустатори кои ќе бидат присутни како вински судии. Регистрацијата на вина е отворена до 6ти март. 

Во последните години на CMB се' повеќе се пријавуваат вина од земјите од Јужно-источна и Централно-источна Европа, од Чешка па до Грузија, од Словенија до Украина, од Унгарија до Бугарија и Романија до Македонија. На натпреварот кој се одржа во 2014та во Брисел на дваесетгодишнината од Concours Mondial за посебни откритија беа прогласени “Winemaker’s Cut Cuvée Hron – Váh – Rimava” од винаријата Mrva&Stanko од Словачка,“Gold Stallion 2011” од винаријата Angelus Estate, Бугарија и “Reserve Petit Verdot” од винаријата Suvla, Турција. Овие резултати само покажуваат дека вината од земјите од Источна Европа може многу лесно да се натпреваруваат со некои од престижните имиња кои доаѓаат од винските региони на Запад.  

Повеќе информации на следниов линк: www.concoursmondial.com

IWINETC, Интернационална конференција за вински туризам 2016

Вторник, Април 5, 2016 - 09:00 to Среда, Април 6, 2016 - 17:00
Барселона, Шпанија

   Осмата по ред Интернационална конференција за вински туризам (International Wine Tourism Conference (IWINETC 2016)), која е водечки настан во светот за луѓето кои се дел од индустријата на винскиот и кулинарски туризам, ќе се одржи од на 5ти и 6ти април во Шпанија, во винскиот регион Каталуња.

   Конференцијата годишно ја посетуваат речиси 300 професионалци од винскиот и кулинарскиот свет кои доаѓаат од повеќе од 100 земји. Програмата на овогодинешното издание ќе се одвива во два дена и предвидува 30 предавања, работилници и симпозиуми, како и мошне интересна networking програма. Ова е идеална прилика да се запознаат професионалци од светот на виното и винскиот туризам, и да се разменат идеи со колеги од различни сектори од винската индустрија и винскиот туризам. 

   На IWINETC 2016 ќе бидат присутни и тур оператори и туристички агенции ќе ја корист конференцијата како работилниц за да остварат бизнис контакти. 

 За да се регистрирате за учество на конференцијата, следете го овој линк http://www.iwinetc.com/2016spain/conference-registration 
 За повеќе информации за конференцијата, следете го овој линк www.iwinetc.com

Mundus Vini Spring Tasting 2016

Недела, Фебруари 21, 2016 - 11:00
Saalbau, Neustadt, Germany

Денес започнува осумнаесетиот по ред Grand International Wine Award MUNDUS VINI кој оваа година ќе се одржи во Салбау во Нојштад, Германија. Повеќе од 5000 вина од 149 вински региони од светот се пријавени за учество, а истите ќе бидат дегустирани и оценувани од 160 вински судии. Повеќе инфо за винското натпреварување на следниов линк https://www.meininger.de/en/mundus-vini/press/mundus-vini-spring-tasting...

Скопски вински салон - Винодонија 2017, 1-2 декември, хотел Мериот

Петок, Декември 1, 2017 - 13:00 to Сабота, Декември 2, 2017 - 20:00
Мериот хотел Скопје

Оваа година по втор пат на 1ви и 2ри декември во хотелот Мериот во Скопје ќе се одржи Скопскиот вински салон- Винодонија 2017, најзначајниот вински настан во Македонија. Овој салон, прв од ваков вид во земјава, е организиран од група на вински критичари, едукатори и судии под закрила на Здружението на сомелиери на Република Македонија.

По огромниот успех кој Винодонија го доживеа минатата година и на едно место успеа да ги собере винариите од Македонија, како и од Балканот, и многу други европски земји како Италија, Франција, итн. оваа година по втор пат ќе ги собере сите чинители на винската индустрија, вински љубители, критичари и новинари, како и преставници од ХоРеКа секторот, бизнис заедницата и преставници од амбасадите во земјава и пошироко. 

Програмата на салонот вклучува мастер класови на винариите, Шато Камник,Тиквеш и Стоби, како и работилници (дегустации) кои ќе ги заинтригираат сите вински љубители:Професионална дегустација со чашите на Риеделедукативна работилница со Стефано Канело, експерт за чаши од Риедел, најпознатата компанија за производство на чаши за винска намена во светот, Спарување на далматинска храна и македонски вина со Џино Премзиќ, еден од најпознатите шефови на кујна и Слободен Чокревски, Претседател на Slow Food Macedonia, Мастер клас на Споредба на црногорски со македонски вранци со Данијела Радеч (Претседател на Здруќението на сомелиери на Црна Гора) и Звонко Херцег (вински есперт-WSET), Мастер клас за Хрватски пенливи вина од дното на Јадранот и вина од амфора со Иво Козарчанин (вински новинар), Мастер клас Бугарија на винската карта. Да ја истражиме! со Галина Тодорова Нифору (директор на BIWC, Интернационалното балканско винско натпрварување), Тајните на станушината- македонскиот пино ноар со Проф. Д-р Климе Белески и Звонко Херцег и Елеганцијата на македонската темјаника со Ивана Симјановска. Цената за секоја од работилниците и мастер класовите почнува од 800 денари и истите се веќе пуштени во онлајн продажба- повеќе инфо за картите на следниов линк http://vinodonia.mk/programa

Вино Скоп / Vino Skop 2017 20-24 септември

Среда, Септември 20, 2017 - 16:30 to Недела, Септември 24, 2017 - 00:00

Да ја дочекаме есента заедно! 
Од 20 до 24 септември во Скопје ќе се одржи 11-тото издание на реномираниот фестивал кој го слави виното – Вино Скоп 2017.
Локацијата, како и минатата година ќе биде на плоштадот „Мајка Тереза“ пред МОБ, а на фестивалот ќе земат учество најдобрите македонски винарии.
Вино Скоп ќе понуди петдневно будење на сите сетила- уживање во пијалокот на боговите, различни вкусови, различни бои и мириси испреплетени со традицијата на убавото македонско вино, храна и музика.
Повеќе информации наскоро!

Вино Фест 14-18 јуни 2017

Среда, Јуни 14, 2017 - 19:00 to Недела, Јуни 18, 2017 - 12:00
Веро Џамбо

Подгответе се за долгоочекуваниот годишен фестивал на добро вино, музика и одлична дружба. Вино фест 2017 од 14 до 18 јуни на паркингот пред Веро центар со многу интересни содржини. 

Pages