Дегустации на македонски вранец со Дарел Џозеф за време на Prowein 2016 во организација на Wines of Macedonia

Недела, Март 13, 2016 - 13:00 to Понеделник, Март 14, 2016 - 13:00
Prowein, Дизелдроф, Хала 15 / G 21

   За време на Prowein, најбитниот вински саем во светот, ќе се одржи дегустација на македонски вина од сортата вранец која ќе биде предводена од познатиот вински критичар и новинар, Дарел Џозеф. Дегустациите, познати како Master Classes, ќе се одржат на 13ти и 14ти март со почеток во 13 часот во халата 15 / G 21. Дегустацијата e во организација на Wines of Macedonia. 

Concours Mondial de Bruxelles 2016, Пловдив, Бугарија

Среда, Април 27, 2016 - 18:30 to Недела, Мај 1, 2016 - 18:30
Пловдив, Бугарија

Concours Mondial de Bruxelles (CMB), е едно од најпрестижните вински натпреварувања во светот кој оваа година, од 28ми до 1ви мај, ќе се одржи во Пловдив, Бугарија. Во последните 20 години, CMB се одржа на локации како Бордо, Лисабон, Валенсија, Палермо, Братислава и Лидо ди Јесоло, како и градови во едни од земјите кои се најголеми консументи на вино, како Маастрихт (Холандија) и се разбира, главниот град на Европа, Брисел. За дваесет и второто издание на CMB во Пловидв, се очекува да бидат пријавени повеќе од 8000 вина од преку 40 земји, како и 300 дегустатори кои ќе бидат присутни како вински судии. Регистрацијата на примероци е отворена до 4ти март. 

Пријавувањето на примероци е отворено до 4ти март, а за повеќе информации кликнете на следниов линк 
http://emailing.concoursmondial.com/source/concoursmondial/2016/prod-2/E...

Mundus Vini Spring Tasting 2016

Недела, Фебруари 21, 2016 - 11:00
Saalbau, Neustadt, Germany

Денес започнува осумнаесетиот по ред Grand International Wine Award MUNDUS VINI кој оваа година ќе се одржи во Салбау во Нојштад, Германија. Повеќе од 5000 вина од 149 вински региони од светот се пријавени за учество, а истите ќе бидат дегустирани и оценувани од 160 вински судии. Повеќе инфо за винското натпреварување на следниов линк https://www.meininger.de/en/mundus-vini/press/mundus-vini-spring-tasting...

Нови храбри винари, Ивица Стевковски и неговата Кувин винарија

          Mногу одамна еден винар ми има речено: “Никогаш не сум го сакал коцкањето се’ додека не се одлучив да купам лозје, отворам винарија и правам вино.” Да се би

IWINETC, Интернационална конференција за вински туризам 2016

Вторник, Април 5, 2016 - 09:00 to Среда, Април 6, 2016 - 17:00
Барселона, Шпанија

   Осмата по ред Интернационална конференција за вински туризам (International Wine Tourism Conference (IWINETC 2016)), која е водечки настан во светот за луѓето кои се дел од индустријата на винскиот и кулинарски туризам, ќе се одржи од на 5ти и 6ти април во Шпанија, во винскиот регион Каталуња.

   Конференцијата годишно ја посетуваат речиси 300 професионалци од винскиот и кулинарскиот свет кои доаѓаат од повеќе од 100 земји. Програмата на овогодинешното издание ќе се одвива во два дена и предвидува 30 предавања, работилници и симпозиуми, како и мошне интересна networking програма. Ова е идеална прилика да се запознаат професионалци од светот на виното и винскиот туризам, и да се разменат идеи со колеги од различни сектори од винската индустрија и винскиот туризам. 

   На IWINETC 2016 ќе бидат присутни и тур оператори и туристички агенции ќе ја корист конференцијата како работилниц за да остварат бизнис контакти. 

 За да се регистрирате за учество на конференцијата, следете го овој линк http://www.iwinetc.com/2016spain/conference-registration 
 За повеќе информации за конференцијата, следете го овој линк www.iwinetc.com

Pages

Вински речник

е црвена сорта грозје која може да се најде само во Тиквешкиот регион во Македонија. Најверојатно дека е единствената македонска автохтона сорта. Станушината беше речиси исчезната сė додека винаријата Попова Кула повторно не ја откри. Неколку винарии го следеа примерот на одгледување на оваа сорта, меѓутоа количините на Станушина се сė уште многу мали. 

повеќе