Вински речник

А

Аерација

Познато како дишење. Виното почнува да диши, односно се “отвара” откако ќе стапи во контакт со воздухот и на тој начин ги ослободува своите мириси и ароми.

Антиоксидант

Супстанција способна да ја забави или спречи оксидацијата на други супстанци. Најчестиот оксидант што се користи во виното е сулфур диоксидот (SO2).

Антоцијани

Фенолни соединенија што природно се јавуваат и се одговорни за црвената и пурпурна боја на многу овошја и зеленчуци, вклучително и црвеното грозје.

АОК

Францускиот систем на апелација (односно Appellation d’Origine Contrôlée) е меѓународен модел за законите што ги дефинираат и заштитуваат географски именуваните вина, жестоките пијалаци, па дури и одредени јадења. За секое одделно вино, законите на AOC ја одредуваат, меѓу другото, точната област каде што се одгредува грозјето за добивање на конкретното вино, прифатливите сорти на грозје, дозволениот принос по хектар, како и аспекти од витикултурата – како што се режењето и наводнувањето, процентот на алкохол и методите: како се произведува виното и колку се складира. За дадено француско вино да добие апелација, мора да ги исполнува сите критериуми утврдени со законите на AOC. Системот за апелација и неговите закони, што започнале да се применуваат '30-тите години од XX век, се развиле со текот на времето. Денес,  повеќето европски винопроизводителски земји имаат слични системи што ги дефинираат и уредуваат вината што ги произведуваат.

АОП

значи Appellation d'Origin Protegee и претставува еквивалент на европско ниво на францускиот AOC (Appellation d'Origin Controlée). Тоа е највисокото ниво на француската винска хиерархија. Класификацијата AOP/AOC покажува дека виното е произведено според специфични законски барања за контрола на квалитетот, а исто така дејствува и како индикатор за потеклото. Термините 'Гран кру' и 'Премиер кру' означуваат особено високо ниво на квалитет во AOP/AOC вино.

Апелација

Апелацијата винските закони и законите за означување на одредено географско подрачје, вклучувајќи ги и јасно утврдените регионални граници и спецификации за лозарските и винарските практики. Во многу земји каде винопроизводството е традиција, како што е Франција, апелацијата може да укажува на квалитетот и стилот на виното.

Аперитив

Шпански збор за вино (или кој било друг алкохолен пијалок) што се служи пред оброкот.

Арома

Мирисот на виното. Терминот вообичаено се употребува за млади вина (кога мирисот главно доаѓа од грозјето), додека терминот буке е резервиран за старите вина (кога мирисот станува покомплексен).

Ароматици

Општ термин што се однесува на сортите на грозје од кои се добиваат карактеристично ароматични вина. Поконкретно, се користи за овошните и цветните ароми што се добиваат од сортите на бело грозје како што се оние од фамилиите ризлинг, вионие, мускат и траминец (особено гевирцтраминер).

Ацеталдехид

Главниот алдехид што го има во виното. Тоа е карактеристичен и пријатен елемент кај шери вината (Шпанија). Меѓутоа, доколку во значителна количина е присутен во трпезното вино, се смета за недостаток.

Ацетобактер

Бактерија што прозиведува винска киселина. Ја предизвикува трансформацијата на виното во оцет кај виното изложено на воздух.

Ацидитет (Киселост)

Општ термин што се поврзува со киселиот и остар вкус во гроздовиот сок и вината, предизвикан од присуството на органските киселини како што е тартарната, јаболковата и лимонската киселина. Ацидитетот во финално добиеното вино може да биде резултат од ацидификација. Ацидитетот има важни импликации за квалитетот на виното, зашто влијае на балансот, свежината, сочувување на бојата и стареењето, а делува и како природен конзерванс.

Go to top

Б

Баланс

Одличните вина мора да бидат избалансирани за да бидат одлични. Балансот е впечатокот на усогласеност меѓу компонентите на виното – киселина, шеќер, танин и содржина на алкохол.

Барик

Француско име за буре од 225 литри од стилот Бордо.

Батонаж

Винопроизводителски термин од француско потекло, battonage е размешување на талогот во резервоарот, бочвата или бурето со цел да се засили комплексноста на вкусот и аромата на виното. 

Без определена берба (NV Non-vintage)

Вино што се добива од повеќе различни грозја од различни години. Многу честа практика при производството на шампањ (или други пенливи вина).

Берба

Процес на собирање на грозјето (рачно или со машини) од лозите и нивен транспорт до винарата. Времето на берба првенствено зависи од зрелоста на грозјето и е еден од најклучните чекори во процесот на правење вино.

 

Oдредена година кога грозјето е набрано.

 

Go to top

В

Вертикална дегустација на вино

При вертикална дегустација, се тестира ист тип на вино од иста винарија, но од различни берби. Со ова се става акцент на разликите помеѓу различни берби.

Витис винифера (Vitis Vinifera)

Винова лоза која потекнува од Европа. Cabernet sauvignon, Pinot Noir, и Chardonnay се само неколку примероци.

Витис лабруска (Vitis Labrusca)

Винова лоза која потекнува од Северна Америка. Catawba и Concord се класични примероци.

Go to top

Г

Глицерол

Нус-производ при алкохолната ферментација (колку што е повисок процентот на шеќер во ширата, толку повеќе глицерол произведува квасецот за време на ферментацијата). Тој му додава вискозитет на виното.

Гран резерва (Gran Reserva)

Овие шпански вина се произведуваат само од извонредни берби. Црвените вина мора да одлежат барем пет годни (вклучувајќи и период во дабови буриња) пред да бидат подготвени. Белите и розé вината мора да одлежат барем четири години (6 месеци во дабови буриња).

Грапа (Grappa)

Италијански вињак што се прави од пулпата од грозјето откако ќе се пресува.

Go to top

Д

Даб

Дрво од родот Quercus (синоними Lepidobalanus и Leucobalanus). Има широка употреба во производството на бочви. Вкусовите што ги даваат француските и американските видови на даб се малку различни, при што францускиот даб е посуптилен, додека американскиот даб дава посилни ароми.

Дабово

Термин за опис на вкусот на вината. Се вели дека вината со дабов вкус главно имаат ароми и/или вкусови на путер и тост.

Go to top

Е

Едносортно

Кога виното е произведено од една сорта грозје (без мешање), а виното го добива името според сортата грозје, се нарекува едносортно (varietal).

Едноставно

Опис за вино што не е комплексно. Бидејќи имаат едноставни ароми и вкусови, може да бидат добри, но никогаш нема да бидат одлични.

Екстра суво

Едно од нивоата на слаткост/сувост за шампањот (или другите пенливи вина). Може да варира од доста суво до полу-суви (од минимум 12 до максимум 20 грама шеќер).

Go to top

Ж

Жешки вина

Вина кои се неизбалансирани поради високиот процент на алкохол што создава чувство на горење во устата.

Go to top

З

Завршеток

Термин што се употребува за вкусот на виното што се задржува откако ќе се проголта. Одличните вина треба да имаат долг завршеток. Спротивното важи за вина што имаат краток завршеток (или воопшто немаат завршеток).

Закројување

Kастрење Целта е да му се даде форма на растението преку контрола и насочување на неговото растење, за да се одржи здравјето на растението, или да се зголеми приносот или квалитетот на грозјето. Се врши на почетокот на годината (во северната хемисфера, односно обратно во јужната хемисфера) додека растението уште е неактивно.

Заматено

Без бистрина. Се користи да опише вино што има ниска бистрин и што или не е прочистено и филтрирано или не е правилно произведено.

Go to top

И

Изглед

Бистрина или заматеност; интензитет (или недостаток на истиот); боја. Тоа се главните компоненти што се користат за да се опишат визуелните аспекти на виното.

Инертни гасови

При винопроизводството, тие се користат за да се зачува виното од контакт со воздухот, со што се избегнува оксидација и/или расипување. Највообичаените гасови што се користат се јаглерод диоксид, аргон и азот.

Go to top

К

Кадифено

Вино што во устата остава особено мазно чувство се опишува како „кадифено“, (или „свиленкасто“).

Квасец:

Едноклеточен микроскопски организам (габи), благодарение на кој шеќерот се претвора во алкохол за време на процесот на ферментација.

Go to top

Л

Ледено вино

(Ice WIne) Десертно вино добиено од замрзнато, презреано грозје.

Лесно тело

Вина што даваат впечаток на леснотија во устата. Ова чувство е предизвикано од ниска содржина на алкохол (заедно со недостигот од танини и интензивни вкусови).

Go to top

М

Магнум

Винско шише со капацитет од 1,5 литар (односно 2 шишиња).

Мармаладесто

Многу чест опис за полните вина. „Мармаладесто“ вино е ова што потсетува на мармалад, не само по вкусот туку пред сè поради полноста.

Go to top

Н

Наливно вино

Термин што се користи да се опише вино што не е флаширано.

Go to top

О

Овошно

Термин за вкус кој опишува вино (особено младо) што потсетува на свежо овошје.

Go to top

П

Париска пресуда

Познат вински натпревар што се одржал во Париз во мај 1976 година, кога врвните вина од Бургундија и Бордо биле подложеи на „слепо тестирање“ заедно со врвни вина од Калифорнија. Контроверзно (и на општ шок) одборот од судии, од кои повеќето биле од Франција, оцениле неколку од американските вина со повисоки оценки отколку француските вина.

Go to top

Р

Резерва

(Reserva) Вина кои се прават од берби што се подобри од просекот. Црвените вина мора да одлежат најмалку три години (вклучувајќи и одреден период во даб) пред да бидат готови. Белите и розé вината мора да одлежат најмалку две години (шест месеци во даб). 

Go to top

С

Самоток

Тоа е сокот што се добива од грозјето без користење на преса.

Go to top

Т

Тенута

(Tenuta) Италијански збор за „вински имот“.

Go to top

Ф

Фризанте

(Frizzante) Италијански збор за малку газирано; полу-пенливо вино.

Go to top

Х

Хоризонтална дегустација на вино

Кај хоризонталната дегустација, вината се од иста берба, но од различни винарии. Задржувањето на истата сорта или тип и вински регион помага да се нагласат разликите во стиловите на винариите.

Go to top

Ц

Цветно

Ако аромата на виното потсетува на цвеќиња, се вели дека таа е цветна. Монотерпените (на пример, гераниол илиналол) се одговорни за цветните ароми на вината што се произведуваат од сорти на грозје како што се траминец, мускат или ризлинг.

Go to top

Ч

Чад, арома и вкус

Вообичаено се поврзуваат со стареење во дабово дрво. Меѓутоа, оваа карактеристика може да му е вродена на грозјето од кое се прави виното, или може да е поврзана со „тероарот“ каде било одгледувано грозјето.

Go to top

Ш

Шато

Француски збор за „замок“; имот со сопствени лозја.

Go to top

Ј

Јаболкова киселина

Недозреана, остра форма на киселина присутна во виното.

Јаглерод диоксид

Хемиска состојка што соджи еден атом на јаглерод и два атоми на кислород (CO2). Тоа е краен производ кај организми што добиваат енергија од разградувањето на шеќери, масти и аминокиселини и кај кои кислородот е дел од метаболизмот во процесот што се нарекува клеточна респирација.

Go to top