Научете повеќе

Чаши за вино

Чашата е битна за виното

Чашите за вино се од битно значење за подобро да го цените виното- влијае на тоа како подобро да ја набљудувате бојата и како ќе ги почувствувате аромите и вкусот на виното.

 Чашите за винска намена најчесто се направени од стакло или кристал. Чистиот транспарентен кристал овозможува да се види бојата на виното и да се забележат евентуалните недостатоци во истото. Рачно дуваното стакло е доста потенко, посебно на устата од чашата, и подобро се набљудува виното за разлика од машински направените чаши.

Традиционалните чаши за вино имаат дршка за со раката да не ја допирате самата чаша за да се избегне зголемување на температурата на која се сервира виното како и да не се оставаат отисоци на чашата. Денес се’ повеќе се популарни чаши за вино кои немаат дршка, не зафаќаат многу простор и не се лесно кршливи како традиционалните.

 

Колку вино да наточите во чашата

Виното треба да е наточено една третина од големината на чашата. Треба да оставите доволно простор во чашата за да може да го завртите виното за да се ослободат аромите. Исклучок е пенливото вино затоа што не мора да го вртите во чашата бидејќи на тој начин ќе исчезнат меурчињата.