Вински региони

Во Македонија постојат 3 вински региони кои се поделени на 16 виногорја, а Тиквешкото виногорје е главен производител на винско грозје и вино.

Повардарие- Вардарска долина

Централен вински регион кој опфаќа 83% од вкупното производство и вклучува 7 виногорја: Скопје, Велес, Гевгелија- Валандово, Струмица, Радовиш, Овче Поле- Виница,Кочани- Виница,Тиквеш

 

Пелагониско-Полошки

Западен вински регион кој опфаќа 13% од вкупното производство и вклучува 6 виногорја: Прилеп, Битола, Охрид, Преспа, Кичево, Тетово

 

Пчињско- Осоговски

Источен вински регион кој опфаќа 4% од вкупното производство и вклучува 3 виногорја: Куманово, Кратово, Пијанец