Винарии

Пеца

На влезот на Кавадарци се наоѓа винаријата Пеца основана од Блажо и Влатко Темови, татко и син. Фамилијата Темови години наназад имаат сопствен бизнис за извоз на трпезно грозје, овошје и зеленчук. Имајќи познавања за винските сорти грозје, во 2008-та година се одлучиле да основаат винарија во подрумот од својата фирма.

Пивка

Пивка е семејна винарија, основана во 2002-та година од Пане Андов и неговиот син Кире. Андови потекнуваат од фамилија на винари, па логично било да почнат и професионално да се занимаваат со производство на вино.

Попов

Винаријата Попов е престижна семејна винарија. Одгледување на виновата лоза е дел од долгогодишната традиција на семејството Попов, па во 2001-та година, Владислав Попов заедно со својата сопруга и синот Миро ја основаат винаријата во малото селце Сопот кое се наоѓа помеѓу Неготино и Кавадарци. Изградиле винарија со капацитет од 350. 000 литри.

Попова кула

Винаријата Попова Кула, која се наоѓа во непосредна близина на Демиркаписката клисура е винаријата која го смени концептот на винскиот туризам во земјава и успеа да ги спои виното и туризмот во еден вински проект, единствен за Македонија. Самата винарија е greenfield инвестиција и е’ изум на Јордан Трајков, сегашниот директор и основач.

Премиум

Винаријата Премиум се наоѓа на излезот од Куманово, во близина на селото Доброшане и опсерваторијата Кокино. Таткото Борко Петковски и синот Андреј со години аматерски се занимавале со правење вино.

Риго Импекс

Кога одите накај Гевгелија, од десната страна на ридот, не може, а да не ја забележите винаријата Риго Импекс, уште позната како Маркудови, која е една импозантна градба. Душко Маркудов, нејзиниот основач, има работено во македонската винска индустрија целиот свој живот. На почетокот бил генерален директор на Вино југ, а потоа станал извршен директор во Македонско вино.

Ристов

Бранко Ристов, сопственикот на винаријата Ристов, е повеќе познат како производител на бренди. Името на брендито кое го произведува е Поп Ристоф, кое е еден вид оддавање почит на неговиот дедо, кој бил поп во селото Горни Дисан.

Сарафов

Никола Сарафов, кое е агроном по професија, ја регистрирал винаријата Сарафов во 2006-та година во Неготино. Вината на оваа винарија се добиваат делумно од грозјето добиено од неколкуте хектари кои се во сопственост на винаријата, а останатото потребно грозје се купува од кооперанти.

Сковин

Винарската визба Сковин е една од најстарите винарии во земјава и втора по големина во Македонија. Основана е во 1979 година како капацитет за производство на наливно вино со капацитет од 16 милиони литри.

Стоби

Стоби, најновата и најмодерна винарија во Македонија до денес, се наоѓа во регионот Градско, во близина на археолошкиот локалитет Стоби, по кој и го добива името. Дело е на Минчо Јорданов, долгогодишен успешен бизнисмен и еден од најбогатите луѓе во Европа кој откако се докажал во различни бизниси, се одлучил да основа винарија.

ТА-ДИ-БА

Винаријата ТА-ДИ-БА е заедничка замисла на тројца бизнисмени и уживатели во виното, Горан Танов, Стево Димиров и Ѓуро Бадев. Љубопитноста да се направи свое вино, ги одвела дотаму да основаат винарија во 2005-та година. Винаријата првично имала капацитет од 30.000 литри, а грозјето доаѓа од нивните лозови насади на 5 хектари.

Тиквеш

Тиквеш е најстарата винарија во Македонија, основана далечната 1885-та година. По Втората светска војна, винаријата е национализирана и опремена за производство на 200.000 литри вино.

Трајковски

   Винаријата Трајковски, со капацитет од 70.000 литри. (30.000 производство на вино и 40.000 производство жестоки пијалаци), е семејна бутик винарија и дестилерија, лоцирана во регионот на Барово, во с. Крњево, во долините на Кожуф планина- ново откриениот регион на најдобрите лозови насади од Тиквешкото виногорје од Македонија.

Тристо

Винаријата Тристо својата приказна ја започнува во 1995-та година кога Ристо Ташев започнал да произведува вино како хоби. Наскоро се одлучил да изгради винарска визба, па купил еден рид северно од Велес и на врвот започнал да ја гради зградата за винаријата. На падините околу ридот засадил грозје.

Pages