Винарии

Ерос

Душко Андов почнал да прави вино за свои потреби пред 20 години. Грозјето кое го користел било од неговото лозје од 1 хектар, кое се наоѓа во селото Марена. Неговите пријатели биле првите кои  го купувале неговото вино, од причини што им се допаднало виното.

Изворно

Винаријата Изворно се наоѓа малото село Извор, на половина од стариот пат од Велес кон Прилеп. Зоран Алексов, нејзиниот сопственик,  долги години аматерски правел вино, додека не  решил со тоа и професионално да се занимава.

Илиев

Во предградието на Кавадарци, близу локалниот стадион на ФК Тиквеш, се наоѓа винаријата Илиев. Основачот, сопственик и мајстор за виното е Ристо Илиев, кој вината ги крстил по својот дедо, кој се презивал Ресавски.

Имако

Винаријата Имако е лоцирана во Овчеполието, близу Штип, од левата страна на патот кон Радовиш. Регистрирана е во 1991-та, како компанија за трговија со вино.

Картал

Винаријата Картал е мал семеен бизнис. Таткото Панче Карталов и неговите синови, Јордан и Филип, се земјоделски инженери. Првите двајца се специјализирани за производство на вино, а третиот има диплома за агро економија. Откако дипломирале, Јордан и Филип работеле неколку години во приватна винарија.

КМ ВИН

Винaријата КМ ВИН е најмалата винарија во Македонија со годишно производство од само 4000 шишиња.

Кучиеви - Света Елена

Надвор од Неготино, веднаш до винаријата Повардарие, се наоѓа винаријата Кучиеви - Света Елена. Изградбата на винскиот подрум започнала во 2006-та година, а првото вино било произведено во 2008-та година. Капацитетот е 200.000 литри, а сегашното производство е 150.000 литри.

Лазар винарија

Винаријата Лазар е фамилијарна бутик винарија која се наоѓа во близина на винаријата Стоби, по стариот пат од десна страна. Во сопственост е на веќе докажаниот енолог Лазар Ристевски кој произведува вино од четири сорти: пино гриџо,

Малерич

Љупчо Михов е претставник на Малерич, словенечка компанија за садови и опрема за вино, за јужниот Балкан. Љупчо, кој потекнува од семејство на производители на грозје, ја отворил својата фирма во Марена, малечко село на половина пат меѓу Кавадарци и Неготино. Во 2006-та доаѓа до брилијантна идеја да отвори винарија.

Мојсофф

По пензионирањето како инженер, Ристо Мојсов се решил да отвори мала винарија. На долниот кат од својата куќа во Кавадарци, поставил опрема за производство на вино со капацитет за 10.000 литри на годишно ниво. Винаријата ја регистрирал во 2004-та година. Неговата цел била производство на квалитетно вино за прифатлива цена.

Наумчеви- ГИ ЕМ ЕН

Ѓорѓи Наумчев потекнува од фамилија на винари и своето прво вино го има направено на 16 години. По неколку години поминати аматерски правејќи вино кое од година во година станувало се’ подобро, се одлучил малку попрофесионално да се занимава со винарство. Во подрумот на својот дом во Кавадарци изградил винарија со капацитет од 20.000 литри, која ја регистрирал во 2004-та година.

Охрид

Винаријата Охрид е една од двете винарии во цела Западна Македонија. Основана е во далечната 1958 година како винарија за производство на наливно вино.

Памела

На влезот во Неготино, кога доаѓате од кај автопатот, не можете а да не ја забележите бензинската пумпа Памела и уште неколку продавници кои го носат името Памела. Зоранчо Митев, нивниот сопственик, е бизнисмен кој отсекогаш уживал во добро вино, па се решил да проба да прави свои вина.

Pages