Венец

Адреса: 
с.Долни Дисан, 1440 Неготино
Телефон: 
+389 43 369 200; +389 43 369 241; +389 70 216 561

Винаријата Венец е дел од земјоделската компанија наречена Венец која е формирана во 1956 година. Таа поседува 600 хектари земја, од кои 300 хектари се засадени со лози, а остатокот со разновидни земјоделски производи. Во 1995-тата година, земјоделската компанија се приватизира и се трансформира во акционерско друштво. Во таа година, исто така, започнува да се подобрува квалитетот на виното. Семејството Јанчеви, татко и неговите двајца синови Илија и Влатко, поседува 70% од компанијата и го сочинува раководството на Венец.

Порано вино произведувале само од кратошија, локална сорта грозје, а денес произведуваат вино од сортите вранец, каберне совињон и мерло. 70% од виното произведено во оваа винарија е црвено, но Венец произведува и бели вина, Шардоне и Смедеревка. Капацитетот е 135.000 литри, а моменталното производство е помеѓу 80.000 и 100.000 литри. Нивните Каберне совињон и Мерло се едни од можеби најдобрите вина од овие сорти произведени во Македонија, кои се одличен пример за соодносот цена-квалитет. Нивната Кратошија, која има 16% алкохол и која може да се купи само во винаријата, е можеби една од најдобрите Кратошии во Земјава.

Лозјата на винаријата Венец претежно се наоѓаат во триаголникот Долни Дисан, Горни Дисан и селото Вешје, каде што микроклимата и тероарот го даваат најдоброто грозје во земјата. Лозјата се наоѓаат на надморска височина од 250 до 500 метри, а на 70 проценти не им е потребно наводнување. Венец е една од двете винарии во Македонија што одгледува многу повеќе грозје од што е потребно за нивното производство на вино. Оваа винарија им продава грозје на речиси сите винарии во земјата, особено на Бовин за нивниот Дисан и на Тиквеш за дел од нивната Спешл Селекшн линија на вина.

Вината Венец не се продаваат во продавници туку само во ресторани низ земјата. Но, најголемиот дел се продава во винаријата.

Бели Шардоне, Смедеревка

Црвени Каберне совињон, Мерло, Вранец