Вел Вин

Адреса: 
Васил Главинов 87, Велес
Телефон: 
+ 389 71 503 359

Тони Шкортов е сопственик на винаријата Вел Вин која се наоѓа во градот Велес и е основана во 2008-та година. Првото вино е направено во 2009-тата година, а виното кое се произведува во оваа винарија е органско и доаѓа од лозјата кои се наоѓаат во регионот на планината Кожув. Виното потоа се транспортира во Велес каде одлежува одреден временски период. Винаријата има лозје од 6 хектари во околината на Велес, кое е под концесија на државата, но бидејќи сите лози мора повторно да се засадат, ќе бидат потребни неколку години пред да може винаријата да го користи своето грозје. Ако го прашате зошто сака да произведува органско вино, ќе се насмевне и ќе рече: „Велес е најзагадениот град во Македонија. Па навистина праќаме своевидна порака со производство на органско вино овде“. Ваквата логика произведува добри вина.

       

Винаријата Вел Вин произведува одлични Каберне совињон и Вранец, вкупно 5.000 литри. Иако млади, овие вина се мошне моќни на вкус, со 15% проценти алкохол. Тони Шкорот активно го промовира и продава виното во винскиот клуб Паладиум во центарот на Велес, кој навистина заслужува да се посети.

Црвени: Каберне совињон, Вранец