Вековник

Адреса: 
Вековник-Куманово
Телефон: 
+ 389 78 201 264

Винаријата Вековник е основана во 2006-тата година од Ивица Миловановски и неговата сопруга Даница, која е енолог по професија. Капацитетот е 40.000 литри, годишното производство половина од тоа, а грозјето кое го користат е од нивното лозје кое се простира на површина од 5 хектари. Тие се горди на начинот на кој го произведуваат виното бидејќи истото го прават на традиционален начин.

Нивните лозја произведуваат доволно грозје за нивните потреби. Во моментов произведуваат три вина: бело, Траминец, розе од Мускат-Хамбург и црвено, Каберне совињон (кое одлежува три месеци во буре пред да се флашира). Вината на винаријата Вековник може да ги најдете во рестораните во Куманово.

Бели: Траминец

Црвени: Каберне  совињон

Розе: Рубин  мускат (Мускат хамбург)