Тиквеш

Адреса: 
29 Ноември, 1430 Кавадарци
Телефон: 
+389 43 414 024; +389 43 415 451; +389 71 338 195

Тиквеш е најстарата винарија во Македонија, основана далечната 1885-та година. По Втората светска војна, винаријата е национализирана и опремена за производство на 200.000 литри вино. Во тоа време, винарија произведува наливно вино за цела Југославија, па капацитетот се зголемувал речиси секоја година, сė додека не достигнал 55 милиони литри во 80-тите години на 20 век. Во тоа време Тиквеш произведуваше речиси половина од сето вино во Југославија. Компанијата е приватизирана во 1995 година, но на почетокот од 21 век, процесот на трансформација се забрза. Тиквеш се трансформира во квалитетен произведувач на вино, процес кој е во последната фаза. Пресвртница се случи во 2009 година, кога заврши ерата на производство на наливно вино и кога сето вино произведено беше флаширано. Последната фаза на подмладување на компанијата беше ангажирањето на познатиот француски винопроизводител Филип Камби кој е одговорен за промена во винопроизводителската филозофија на Тиквеш и младиот и талентиран главен енолог Марко Стојаковиќ кој своето образование и искуство го има стекнато во Бордо, Франција. 

Тиквеш има повеќе од 1.000 хектари лозови насади, а фокусот во последните години го насочува кон тероар вината. Линијата Тероар е резултат на оваа филозофија- за овие куве вина се користи само грозје од еден виноград во одреден регион, во овој случај од локалитетите Барово и Бела Вода.

Иако има најголем капацитет (45 милиони литри), минатата година Тиквеш беше втор по големина винопроизводител во Македонија. Но, за разлика од другите големи винарии, Тиквеш произведува само флаширано вино и има многу доминантна положба на домашниот пазар. Речиси половина од произведените 20 милиони литри се продаваат во Македонија. Тие се водечки на пазарот во секој сегмент, со исклучок на оној со највисок квалитет. Најпознато вино е Т’га за југ, кое на пазарот е веќе 37 години. 

Тиквеш извезува вино во 25 земји во светот. Да наведеме неколку: Бугарија, Германија, Полска, скандинавските земји, САД, Канада, Австралија и Кина. Но, најзначајна дестинација за извоз е Србија. Шеeсет проценти од извозот завршуваат таму. Смедеревката е една од најдобрите од овој вид. Србите ја обожуваат, бидејќи Тиквеш таму продава 5 милиони шишиња од 1 литар годишно.

Тиквеш, исто така, е голем производител и на ракија. Производството на 800.000 литри е подеднакво поделено меѓу Лозова ракија – Жолта и Лозова ракија – Жолта ВС. 

Во винаријата има ресторан отворен за јавноста од 10:00 до 18:00 часот.

Линии на вина

Тиквеш тероар вина
Бели Барово бело (Гренаш + Шардоне), Бела Вода бело (Гренаш + Шардоне)
Црвени- Барово црвено (Вранец + Кратошија), Бела Вода црвено (Вранец + Плавец)

Тиквеш Limited Edition
Бели- Шардоне
Црвени- Каберне совињон, Мерло и Вранец

Александрија куве
Бели- Бело (Шардоне и Ризлинг)
Розе- Розе (Мерло и Вранец)
Црвени- Црвено (Каберне совињон, Мерло и Вранец)

Тиквеш Special Selection
Бели- Р’кацители, Совињон блан, Гренаш блан, Мускат отонел, Шардоне, Темјаника, Ризлинг, Траминец
Црвени- Каберне совињон, Мерло и Вранец

Т’га за југ- Вранец

Тиквеш класик
Бели- Траминец Темјаника, Белан, Смедеревка, Шардоне, Александрија бело (Ризлинг)
Розе- Розе (од Кратошија),
Црвени- Александрија црвено (Каберне совињон), Каберне совињон, Кратошија, Мерло и Вранец

Традиционални вина
Бели- Смедеревка, Жилавка
Розе- Розе (Кратошија)
Црвени- Кавадарка, Кратошија, Вранец, Витач

Bag-in-box
Тиквешко бело (Смедеревка, р’кацители и ризлинг)
Тиквешко црвено (Кратошија и мерло)

Тиквеш Камбие класик
Белан + Ризлинг, Кратошија + Каберне совињон, Смедеревка + Шардоне, Вранец + Мерло

Пенливи вина
Ергион (направено од Пино ноар и Шардоне според класичниот methode champagnoise).

Ракии
Лозова ракија жолта
Лозова ракија жолта ВС