Шато Сопот

Адреса: 
Шато Сопот Винарија, ул. Населено место без уличен систем бр. 2, Новачани, 1400 Велес
Телефон: 
+389 2 3090 470; +389 2 3090 469

Малата бутик винарија, Шато Сопот, се наоѓа во Велешкото виногорје, пред градот Велес, опкружена со лозја кои се наоѓаат на надморска височина од 220 м.

        Викица Поповски, сопственик на градежна фирма, и Лазар Ристов, енолог, се здружиле за да отворат винарија. Во 2006-та добиле концесија на триесет години врз 85 хектари лозја, малку северно од Велес. Една  година  подоцна таму ја изградиле својата бутик винарија, десно од наплатната рампа на автопатот Скопје-Велес, кај излезот за езерото Младост. Капацитетот е 70.000 литри, а производството моментално е 50.000 литри годишно, кое се зголемува од година во година. 
Во винаријата има продавница за вино, ресторан ао прекрасен поглед на лозјата и шест апартмани. Денес винаријата е во сопственост на неколку бизнисмени од Македонија. 

  

Шато Сопот има лозја кои се протегаат на површина од 103 хектари, а поголемиот дел од нив ја опкружуваат винаријата, каде се засадени 20 хектари шардоне, 38 хектари рајнски ризлинг, 2 хектари темјаника, 25 хектари каберне совињон, како и вранец и мерло. Просечната старост на лозјата е 25-30 години, додека насадите на темјаника се стари околку десетина година. Винаријата исто така откупува грозје (пино ноар и пино гриџо) од насади кои се наоѓаат на планината Кожуф н надморска височина од 550м. 

 

      Вината на Шато Сопот се продаваат во подобрите ресторани во земјава, како и во одбрани вински продавници, како Библиотека и Виноро