Грозд

Адреса: 
Стадион бб, Струмица
Телефон: 
+389 34 344 249 ; +389 34 346 602

Винаријата Грозд, која се наоѓа на излезот од градот Струмица, е основана пред 60 години за производство на наливно вино и дестилат кој служел како основа за правење на познатата струмичка Мастика. И денес, Грозд произведува 200.000 литри дестилат и сите производители на струмичка Мастика го купуваат дестилатот од оваа винарија.

Во 2005 година, Грозд се приватизира и започнува со флаширање на виното во 5-литарски пластични шишиња, а од 2011-та година започнува со флаширање на виното во стаклени шишиња од 1 и 0,75 литри. Плановите се сето вино кое излегува од винаријата да биде флаширано.

Капацитетот на винаријата е 12 милиони литри, но моменталното производството е помало. Само мал процент од произведените вината останува во Македонија, и покрај големото количество кое се произведува во оваа винарија. Речиси сето вино се извезува во Србија, Германија и Русија. На домашниот пазар, Грозд продава само во Струмичкиот регион, но ова наскоро ќе се смени земајќи во предвид дека својот фокус го насочуваат кон домашниот пазар. Мерлото, како и Таис, полуслатко вино направено од Мускат-Хамбург, се едни од најдобрите вина на винаријата Грозд кои Ви препорачуваме да ги пробате.

Бели: Шардоне, Смедеревка,

Црвени: Каберне совињон, Мерло, Вранец, Абер (Вранец),  

Десертни вина: Таис (Мускат хамбург)