Еленов

Адреса: 
Винарија Еленов ул Иво Лола Рибар бб, Демир Капија
Телефон: 
+389 43 367 231; +389 43 367 232; +389 2 3118 280

Винаријата Еленов е една од најстарите винарии во регионот и една од најзначајните од историски аспект. Основана е во 1928-тата година од jугословенскиот крал Александар и неговата сопруга Марија. Кралската фамилија го избрала ова место  поради почвата богата со карбонати и минерали, како и поради 280-те сончеви денови во годината и постојаниот ветер. Имотот е купен во 1925-тата година од парите која Марија ги добила како мираз од своите родители. Еленов е изградена со француска помош и според последната технологија на тоа време. Капацитетот бил половина милион шишиња, а виното ферментирало во огромни славонски буриња. Кралската фамилија изградила вила со прекрасен поглед на целиот имот и ја именувале Вила Марија. По завршувањето на Втората  светска војна, винаријата била национализирана. Во 2002-та година, Еленов е приватизирана и неа ја купува Агропин. Компанијата има инвестирано многу во модернизирање на капацитетот за производство, како и во историските објекти и опрема.

Денешниот капацитет на винаријата е 7 милиони литри. Производството варира секоја година и вообичаено е половина од капацитетот. Филозофијата на винаријата е да произведува вина достапни за секого. Поголем дел од вината се извезуваат во Германија, но исто така и во Босна, Србија, Хрватска, Австрија, САД и Кина. Поголемиот дел од извозот оди како наливно вино, а 20% од производството кое се флашира се продава на домашен пазар.

Винаријата Еленов има две линии на вина. Вила Марија е  основната линија која содржи 10 вина. Плава  крв, Мерло и Каберне совињон се вина кои се многу подобри од нивните многу поскапи конкуренти. Виното Вила Марија Розе е направено од Пино  ноар, а Кувето е бленд на Вранец, Мерло и Пино  ноар. Шато Демир Капија е поскапата линија која има 6 вина. Вината од оваа линија се зреени или ферментирани во дабови буриња. Шато Демир Капија Каберне совињон е одлично вино кое нуди извонреден квалитет.

Во рамките на самата винарија има сали за дегустација, ресторан и простории за корпоративни настани. Дегустации на вино во неограничени количини со закуска чинат 18 евра. 

Бели: Вила Марија Ризлинг, Вила Марија Шардоне, Вила Марија Совињон бланк, Шато Демир Капија Шардоне, Шато Демир Капија Ризлинг

Розе: Вила Марија Розе (Пино ноар)


Црвени: Вила Марија Каберне совињон, Вила Марија Мерло, Вила Марија Пино ноар, Вила Марија Плава крв, Вила Марија Вранец, Шато Демир Капија Каберне совињон,  Шато Демир Капија Мерло, Вила Марија Куве (Вранец, Мерло и Пино ноар)