Дудин

Адреса: 
Ацо Аџи Илов бб, 1440 Криволак, Неготино
Телефон: 
+ 389 43 368 506; + 389 43 368 506

Винаријата Дудин се наоѓа на прекрасен имот во Криволак, во близина на Неготино. Глигор Дудин, нејзиниот основач, потекнува од фамилија на винопроизводители од Неготино, кои многу години имале винарија во истиот град. Во 1989 година, Глигор ја отвара винаријата Дудин во Неготино, но дури во 2004 се одлучува да преземе поголем чекор. Се одлучува да произведува само квалитетно флаширано вино во пакување од 0.75  л. Капацитет на винаријата е 500.000 литри. Тимот на млади професионалци допринесува кон градење на бренд кој денес е лесно препознатлив.

  

  Дудин произведува Ризлинг, Шардоне и многу добар Совињон  блан, а од црвените вина Мерло и Каберне совињон, а нивното Розе е направено 100% од каберне  совињон. Покрај овие, имаат и три одлични барик вина, Акрато Барик Шардоне, навистина едно од најдобрите во земјата, Акрато Барик Мерло и Акрато Барик Каберне совињон.

Вината на Дудин може да се најдат во продажба во сите поголеми супермаркети и ресторани во земјата. Повеќе од 60% од вината се извезуваат во сите поранешни ЈУ држави, како и во Германија, Австрија, Холандија, САД и Хонгконг, а следна земја е Шведска.

Дудин се  подготвени за винскиот туризам во Македонија и во просториите на самата винарија има соба за дегустација и ресторан со капацитет за 70 луѓе.