Дехри

Адреса: 
Маршал Тито, 86, Богданци
Телефон: 
+389 34 222 120; +389 71 320 620; +389 70 320 620

Винаријата Дехри, која се наоѓа 10 километри североисточно од Гевгелија, е основана во 2006-тата година. Павле Узунов, нејзиниот сопственик, поседува 20 хектари лозје. Иако Павле немал искуство како винар, со помош на еден локален енолог и на професорот Миле Петков, обезбедил доволно знаење за правење вино. Заштитеното име на вината е Аминта. Капацитетот на винаријата е 35.000 литри, а производството достигнува речиси 25.000. Винаријата Дехри прави пет црвени и две бели вина. Каберне совињон сира е, јасно - куве, какво што е и Аминта Барик, куве од истите две сорти грозје.

Вината на Дехри се продаваат само во Македонија, и тоа не само во Богданци туку и во Гевгелија, Струмица и  Скопје.

Бели:Ризлинг,Смедеревка

Црвени: Мерло, Шираз, Вранец, Аминта- Каберне совињон Сира, Аминта барик (каберне совињон, сира)