Далвина

Адреса: 
Далвина винарија: с. Хамзали, 2431 Босилово; Далвина-канцеларии: Франклин Рузвелт 22, Скопје
Телефон: 
+389 34 375 000; +389 78 488 100; +389 2 3245 345; +389 2 3297 844

Винаријата и лозјата се наоѓаат во близина на градот Струмица, во југоисточна Македонија, во Струмичко-радовишкото виногорје, во познатата низина која се наоѓа помеѓу реките Струма и Струмешница, каде преовладува медитеранска клима. 

    

Господин Балтовски, основачот на винаријата Далвина, е сопственик на 370 хектари лозја близу Струмица, па логичен следен чекор бил изградба на винарија. Далвина е основана во 2007-та година со почетен капацитет од 2,5 милиони литри, за да го достигне денешниот  капацитет од 4,2 милиони литри, кој се очекува да се зголеми во годините кои доаѓаат. Далвина е несомнено една од најмодерните нови винарии во Македонија и ја поседува најмодерната достапна опрема од самиот прием на грозјето, па се до ферментацијата. 

     

Винаријата прави вина своите сопствени насади. Од белите вински сорти одлгедуваат рајнски ризлинг, совињон бланк, р’кацители, шардоне, жупјанка, а од црвените мускат-тролингер, каберне совињон, мерло и вранец

Речиси половина од вкупното производство на винаријата се извезува главно во Германија и во Канада.