Бујук

Адреса: 
с. Дабниште,Кавадарци
Телефон: 
+ 389 43 413 779; +389 75 840 937

Фамилијата Бујуклиеви, која прави вино веќе три генерации наназад, ја регистрира винаријата Бујук во 2006-та година. Никола Бујуклиев, сопственикот, поседува лозја на надморска височина меѓу 400 и 600 метри, близу селата Бегниште и Дабниште, малку јужно од Кавадарци. Винаријата се наоѓа среде лозјето, близу  Дабниште и има капацитет од 120.000 литри, колку што моментално е и капацитетот. Винаријата има 2 хектари лозје насадени пред 30 години со сортата вранец. Дополнителни 14 нови хектари се засадени со нови лози од вранец.

За Бујук е карактеристично тоа што прават вино од само една сорта грозје- вранец. Бујуклиеви се горди на ова македонско грозје и сакаат да прават Вранец со различни карактеристики. Името на нивното вино е Ајазов, прекар на еден од дедовците на Никола Бујуклиев.