Ангелови

Адреса: 
Ангелови винарија- Кавадарци
Телефон: 
+ 389 72 315 386; + 389 71 568 996

Винаријата Ангелови е регистрирана во 2007-та година од страна на Летка Ангелова и нејзиниот сопруг. Сопственици се на лозје од 4 хектари во близината на Кавадарци и откако увиделе дека не може да го продадат грозјето за пристојна цена, решиле од него да прават вино кое потоа би го продавале. Ја купиле неопходната опрема и ја инсталирале во подрумот на својата куќа во Кавадарци.

Иако винаријата има капацитет од 12.000 литри, годишно се произведуваат околу 8.000 литри. Ангелови прават шардоне, совињон блан, смедеревка, вранец, пино ноар, како и вино кое го крстиле Бордо, во чест на славниот француски регион и е бленд на вранец, мерло и каберне совињон, во еднаков сооднос.