Агрониколов

Адреса: 
Агрониколов-Велес
Телефон: 
+38943220186;+38943221540

Тодор Николов е енолог кој ја основа винаријата Агрониколов во 2006-та година. Капацитетот на винаријата е 100, 000 литри, а производството варира од година во година и се движи од 30, 000 лит до 75, 000 лит. Грозјето е од неговите сопствени насади од 5 хектари кои се наоѓаат во близина на Градско, и приносот е од 17, 000 до 18, 000 кг од хектар. На вината кои ќе ги добие од ова грозје им остава да одлежат две години, а истите се мошне питки и се вина во кои може да уживате секој ден.

Агрониколов прави само црвени вина и тоа каберне совињон, вранец и мерло чиј однос цена-квалитет е повеќе од одличен, и истите може да се купат во повеќето маркети на Тинекс и Жито, за околу 150 денари од шише. Но, околу 80% од виното завршуваат на пазарите во Швајцарија, Германија, Албанија, Чешка и Србија.

Агрониколов планира во 2013-та да изгради нова винарија близу Велес, а кога ќе биде изградена, во асортиманот ќе бидат воведени и барик вина.