Винарии - Неготино

Бовин

Винаријата Бовин е основана во 1998 година од браќата Кирил и Ѓорѓи Богевски и е првата приватна винарија во Македонија.

Венец

Винаријата Венец е дел од земјоделската компанија наречена Венец која е формирана во 1956 година. Таа поседува 600 хектари земја, од кои 300 хектари се засадени со лози, а остатокот со разновидни земјоделски производи. Во 1995-тата година, земјоделската компанија се приватизира и се трансформира во акционерско друштво.

Домеин Лепово

Винаријата Домеин Лепово е отворена во јуни 2013та година како бутик-винарницата за производство на ексклузивно вино. Една од ретките винарии во земјава каде целокупниот производствен процес се одвива на истиот посед каде што се наоѓаат лозјата. 

Кучиеви - Света Елена

Надвор од Неготино, веднаш до винаријата Повардарие, се наоѓа винаријата Кучиеви - Света Елена. Изградбата на винскиот подрум започнала во 2006-та година, а првото вино било произведено во 2008-та година. Капацитетот е 200.000 литри, а сегашното производство е 150.000 литри.

Памела

На влезот во Неготино, кога доаѓате од кај автопатот, не можете а да не ја забележите бензинската пумпа Памела и уште неколку продавници кои го носат името Памела. Зоранчо Митев, нивниот сопственик, е бизнисмен кој отсекогаш уживал во добро вино, па се решил да проба да прави свои вина.

Пивка

Пивка е семејна винарија, основана во 2002-та година од Пане Андов и неговиот син Кире. Андови потекнуваат од фамилија на винари, па логично било да почнат и професионално да се занимаваат со производство на вино.

Сарафов

Никола Сарафов, кое е агроном по професија, ја регистрирал винаријата Сарафов во 2006-та година во Неготино. Вината на оваа винарија се добиваат делумно од грозјето добиено од неколкуте хектари кои се во сопственост на винаријата, а останатото потребно грозје се купува од кооперанти.