Винарии - Кавадарци

Ангелови

Винаријата Ангелови е регистрирана во 2007-та година од страна на Летка Ангелова и нејзиниот сопруг. Сопственици се на лозје од 4 хектари во близината на Кавадарци и откако увиделе дека не може да го продадат грозјето за пристојна цена, решиле од него да прават вино кое потоа би го продавале.

Бујук

Фамилијата Бујуклиеви, која прави вино веќе три генерации наназад, ја регистрира винаријата Бујук во 2006-та година. Никола Бујуклиев, сопственикот, поседува лозја на надморска височина меѓу 400 и 600 метри, близу селата Бегниште и Дабниште, малку јужно од Кавадарци.

Ерос

Душко Андов почнал да прави вино за свои потреби пред 20 години. Грозјето кое го користел било од неговото лозје од 1 хектар, кое се наоѓа во селото Марена. Неговите пријатели биле првите кои  го купувале неговото вино, од причини што им се допаднало виното.

Илиев

Во предградието на Кавадарци, близу локалниот стадион на ФК Тиквеш, се наоѓа винаријата Илиев. Основачот, сопственик и мајстор за виното е Ристо Илиев, кој вината ги крстил по својот дедо, кој се презивал Ресавски.

Малерич

Љупчо Михов е претставник на Малерич, словенечка компанија за садови и опрема за вино, за јужниот Балкан. Љупчо, кој потекнува од семејство на производители на грозје, ја отворил својата фирма во Марена, малечко село на половина пат меѓу Кавадарци и Неготино. Во 2006-та доаѓа до брилијантна идеја да отвори винарија.

Мојсофф

По пензионирањето како инженер, Ристо Мојсов се решил да отвори мала винарија. На долниот кат од својата куќа во Кавадарци, поставил опрема за производство на вино со капацитет за 10.000 литри на годишно ниво. Винаријата ја регистрирал во 2004-та година. Неговата цел била производство на квалитетно вино за прифатлива цена.

Наумчеви- ГИ ЕМ ЕН

Ѓорѓи Наумчев потекнува од фамилија на винари и своето прво вино го има направено на 16 години. По неколку години поминати аматерски правејќи вино кое од година во година станувало се’ подобро, се одлучил малку попрофесионално да се занимава со винарство. Во подрумот на својот дом во Кавадарци изградил винарија со капацитет од 20.000 литри, која ја регистрирал во 2004-та година.

Пеца

На влезот на Кавадарци се наоѓа винаријата Пеца основана од Блажо и Влатко Темови, татко и син. Фамилијата Темови години наназад имаат сопствен бизнис за извоз на трпезно грозје, овошје и зеленчук. Имајќи познавања за винските сорти грозје, во 2008-та година се одлучиле да основаат винарија во подрумот од својата фирма.

Попов

Винаријата Попов е престижна семејна винарија. Одгледување на виновата лоза е дел од долгогодишната традиција на семејството Попов, па во 2001-та година, Владислав Попов заедно со својата сопруга и синот Миро ја основаат винаријата во малото селце Сопот кое се наоѓа помеѓу Неготино и Кавадарци. Изградиле винарија со капацитет од 350. 000 литри.

Ристов

Бранко Ристов, сопственикот на винаријата Ристов, е повеќе познат како производител на бренди. Името на брендито кое го произведува е Поп Ристоф, кое е еден вид оддавање почит на неговиот дедо, кој бил поп во селото Горни Дисан.

ТА-ДИ-БА

Винаријата ТА-ДИ-БА е заедничка замисла на тројца бизнисмени и уживатели во виното, Горан Танов, Стево Димиров и Ѓуро Бадев. Љубопитноста да се направи свое вино, ги одвела дотаму да основаат винарија во 2005-та година. Винаријата првично имала капацитет од 30.000 литри, а грозјето доаѓа од нивните лозови насади на 5 хектари.

Тиквеш

Тиквеш е најстарата винарија во Македонија, основана далечната 1885-та година. По Втората светска војна, винаријата е национализирана и опремена за производство на 200.000 литри вино.

Трајковски

   Винаријата Трајковски, со капацитет од 70.000 литри. (30.000 производство на вино и 40.000 производство жестоки пијалаци), е семејна бутик винарија и дестилерија, лоцирана во регионот на Барово, во с. Крњево, во долините на Кожуф планина- ново откриениот регион на најдобрите лозови насади од Тиквешкото виногорје од Македонија.