Винарии - Велес

Агрониколов

Тодор Николов е енолог кој ја основа винаријата Агрониколов во 2006-та година. Капацитетот на винаријата е 100, 000 литри, а производството варира од година во година и се движи од 30, 000 лит до 75, 000 лит.

Вел Вин

Тони Шкортов е сопственик на винаријата Вел Вин која се наоѓа во градот Велес и е основана во 2008-та година. Првото вино е направено во 2009-тата година, а виното кое се произведува во оваа винарија е органско и доаѓа од лозјата кои се наоѓаат во регионот на планината Кожув. Виното потоа се транспортира во Велес каде одлежува одреден временски период.

Изворно

Винаријата Изворно се наоѓа малото село Извор, на половина од стариот пат од Велес кон Прилеп. Зоран Алексов, нејзиниот сопственик,  долги години аматерски правел вино, додека не  решил со тоа и професионално да се занимава.

Стоби

Стоби, најновата и најмодерна винарија во Македонија до денес, се наоѓа во регионот Градско, во близина на археолошкиот локалитет Стоби, по кој и го добива името. Дело е на Минчо Јорданов, долгогодишен успешен бизнисмен и еден од најбогатите луѓе во Европа кој откако се докажал во различни бизниси, се одлучил да основа винарија.

Тристо

Винаријата Тристо својата приказна ја започнува во 1995-та година кога Ристо Ташев започнал да произведува вино како хоби. Наскоро се одлучил да изгради винарска визба, па купил еден рид северно од Велес и на врвот започнал да ја гради зградата за винаријата. На падините околу ридот засадил грозје.

Шато Сопот

Малата бутик винарија, Шато Сопот, се наоѓа во Велешкото виногорје, пред градот Велес, опкружена со лозја кои се наоѓаат на надморска височина од 220 м.