Винарии - Скопје

Брушани

Винаријата Брушани, иако млада и мала бутик винарија, своите корени ги има уште во далечната 1938 година кога дедото на Орце, ја има засадено првата винова лоза на

Картал

Винаријата Картал е мал семеен бизнис. Таткото Панче Карталов и неговите синови, Јордан и Филип, се земјоделски инженери. Првите двајца се специјализирани за производство на вино, а третиот има диплома за агро економија. Откако дипломирале, Јордан и Филип работеле неколку години во приватна винарија.

Сковин

Винарската визба Сковин е една од најстарите винарии во земјава и втора по големина во Македонија. Основана е во 1979 година како капацитет за производство на наливно вино со капацитет од 16 милиони литри.

Шато Камник

Шато Камник е винаријата која ги доби сите можни признанија за квалитет и која докажа дека во земјава може да се произведат врвни вина се додека се посветите на потрагата по совршенство и сето тоа го зачините со многу љубов.

Кувин

Кувин е мала фамилијарна винарија која е регистрирана во 2015та година, иако со производство на вино се бави од 2011та. Со цел да останат верни на традицијата и историското наследство на регионот, винаријата своето име го добива по селото Кучково кое се наоѓа во Скопје. Кувин има капацитет од 20,000 литри, а годишно произведува околу 12,000 литри вино.