Винарии

Агрониколов

Тодор Николов е енолог кој ја основа винаријата Агрониколов во 2006-та година. Капацитетот на винаријата е 100, 000 литри, а производството варира од година во година и се движи од 30, 000 лит до 75, 000 лит.

Ангелови

Винаријата Ангелови е регистрирана во 2007-та година од страна на Летка Ангелова и нејзиниот сопруг. Сопственици се на лозје од 4 хектари во близината на Кавадарци и откако увиделе дека не може да го продадат грозјето за пристојна цена, решиле од него да прават вино кое потоа би го продавале.

Бовин

Винаријата Бовин е основана во 1998 година од браќата Кирил и Ѓорѓи Богевски и е првата приватна винарија во Македонија.

Брушани

Винаријата Брушани, иако млада и мала бутик винарија, своите корени ги има уште во далечната 1938 година кога дедото на Орце, ја има засадено првата винова лоза на

Бујук

Фамилијата Бујуклиеви, која прави вино веќе три генерации наназад, ја регистрира винаријата Бујук во 2006-та година. Никола Бујуклиев, сопственикот, поседува лозја на надморска височина меѓу 400 и 600 метри, близу селата Бегниште и Дабниште, малку јужно од Кавадарци.

Вековник

Винаријата Вековник е основана во 2006-тата година од Ивица Миловановски и неговата сопруга Даница, која е енолог по професија. Капацитетот е 40.000 литри, годишното производство половина од тоа, а грозјето кое го користат е од нивното лозје кое се простира на површина од 5 хектари.

Вел Вин

Тони Шкортов е сопственик на винаријата Вел Вин која се наоѓа во градот Велес и е основана во 2008-та година. Првото вино е направено во 2009-тата година, а виното кое се произведува во оваа винарија е органско и доаѓа од лозјата кои се наоѓаат во регионот на планината Кожув. Виното потоа се транспортира во Велес каде одлежува одреден временски период.

Венец

Винаријата Венец е дел од земјоделската компанија наречена Венец која е формирана во 1956 година. Таа поседува 600 хектари земја, од кои 300 хектари се засадени со лози, а остатокот со разновидни земјоделски производи. Во 1995-тата година, земјоделската компанија се приватизира и се трансформира во акционерско друштво.

Винаса

Ацо Јованов, кој е агроном по професија, и Мите Србаков се добри пријатели со години, а нивните фамилии имаат долгогодишна традиција на правење вино. Следниот логичен чекор било отворање винарија во Радовиш каде што двајцата живеат и тоа во големиот подрум од куќата на Ацо. Капацитетот е 25.000 литри, а толкаво е и производството.

Далвина

Винаријата и лозјата се наоѓаат во близина на градот Струмица, во југоисточна Македонија, во Струмичко-радовишкото виногорје, во познатата низина која се наоѓа помеѓу реките Струма и Струмешница, каде преовладува медитеранска клима. 

Дехри

Винаријата Дехри, која се наоѓа 10 километри североисточно од Гевгелија, е основана во 2006-тата година. Павле Узунов, нејзиниот сопственик, поседува 20 хектари лозје.

Домеин Лепово

Винаријата Домеин Лепово е отворена во јуни 2013та година како бутик-винарницата за производство на ексклузивно вино. Една од ретките винарии во земјава каде целокупниот производствен процес се одвива на истиот посед каде што се наоѓаат лозјата. 

Еленов

Винаријата Еленов е една од најстарите винарии во регионот и една од најзначајните од историски аспект. Основана е во 1928-тата година од jугословенскиот крал Александар и неговата сопруга Марија.

Pages