Кувин

Адреса: 
ул. Македонска препордба 20, 1000 Скопје
Телефон: 
+389 70233340 +389 75233340

Кувин е мала фамилијарна винарија која е регистрирана во 2015та година, иако со производство на вино се бави од 2011та. Со цел да останат верни на традицијата и историското наследство на регионот, винаријата своето име го добива по селото Кучково кое се наоѓа во Скопје. Кувин има капацитет од 20,000 литри, а годишно произведува околу 12,000 литри вино. 

 

Токму овде, во регионот наречен Кучковски атар, локалитет Велеполе (микролокалитет Ломче) се наоѓа нивното лозје на надморска површина од 350 м, кое се протега на површина од 0.6 декари и е засадено со сортата вранец. Ивица Стевковски, сопственикот на винаријата, вели дека овде условите се идеални за одгледување на винско грозје, посебно на оваа сорта, затоа што почвата тука е песоклива, летата се долги и зреењето на грозјето е постепено, а зимите се умерени со просечни врнежи. 

Освен лозјето во Скопското виногорје, Кувин има пет хектари лозје во Виничкото виногорје кое се наоѓа на надморска височина од 600 м. Се работи за релативно млади насади на совињон блан, каберне совињон и мерло засадени во 2011та година. Винаријата произведува и вина од сортите темјаника и смедеревка
Кувин е отворена за посетители и располага со соба за дегустации каде може да уживате во нивните вина.