Кралска винарија- Кралица Марија

Адреса: 
ул. Маршал Тито бр. 63, Демир Капија
Телефон: 
+389 (0)43 446 500

  Кралската Винарија кај Демир Капија е  Кралската винарија- Кралица Марија е една од најстарите винарии во земјава.  Изградена е од страна на Кралот Александар Караѓорѓевиќ и неговата сопруга Марија во далечната 1928 година. По препорака на врвни француски енолози кои го советувале да направи винарија во тиквешкиот регион, кралот одлучил да се гради во Демир Капија. Кралот на овој имот престојувал на 8 Март 1931 после катастрофалниот земјотрес кој го зафатил Валандово. Забележано е дека Кралицата Марија доаѓала на овој имот во 1934 година после атентатот на нејзиниот сопруг во Марсеј. 
 

Имотот од 2700 хектари кој сакал да го купи Кралот Александар бил во сопственост на Усни Бег и Мемед Бег кои биле заинтересирани да го продадат имотот. Кога слушнал за тоа Кралот им анредил на своите луѓе да „Дајте им понуда која нема да ја одбијат“. Им понудиле цена од 2000 лири во злато, во исто време некој Апостол од Бања понудил 300 лири повеќе. Бегот му одговорил на Апостол дека и за 3000 лири нема да му ја продаде бидејќи Кралот му гарантира да стигне безбедно со парите до Турција.Златниците преку Кралскиот Конзулат на Југославија ги поклонил романскиот Крал Фердинанд (татко на Кралицата Марија). Откако Беговите ги добиле златниците заминале во Турција на Босфорот и никогаш повеќе не се вратиле, а веднаш по продажбата Кралот наредил изградба на комплексот.

  

На имотот до почетокот на Втората Светска Војна работеле 200 работници и 25 службеници. Произведувале висококвалитетно вино за кралскиот двор во Белград. Капацитетот на подрумот бил 150.000 литари вино, за кои се користеле 4 стаклени базени во кои ферментирало виното, а истите биле донесени од Австрија.
Винаријата има капацитет од седум милиони литри од кои 6.13 милиони се чуваат во иноксни садови, а останатите зреат во дабови буриња. Денес винаријата е во приватна сопственост, реновирана и прилагодена за производство на високо квалитетни вина. Поседува свое лозје и е комплетно опремена за процесирање на грозје и производство на вино.