Домеин Лепово

Адреса: 
Лепово, локалитет Црвени брегови, Курија, Неготино
Телефон: 
+389 2 3181741

Винаријата Домеин Лепово е отворена во јуни 2013та година како бутик-винарницата за производство на ексклузивно вино. Една од ретките винарии во земјава каде целокупниот производствен процес се одвива на истиот посед каде што се наоѓаат лозјата. 

      

 Винаријата се наоѓа во прекрасниот локалитет Лепово на 250 м надморска височина каде е застапена благопријатна микроклима со изразено медитеранско влијание и повремени континентални ветрови кои дуваат на југ по течението на реката Вардар. На оваа надморска височина, температурите во текот на ноќта се пониски што пак се компензира во облик на постепено ослободување на топлина која е акумулирана во текот на денот, што пак помага во бавниот процес на зреење кој на грозјето му дава интензивни ароми.   

     

Винаријата е опкружена со девет хектари на премиум насади на шардоне, вранец, пино ноар, каберне совињон и мерло. Структурата на почвата е рендзина и глина, а просечната старост на лозјето е петнаесет години. 

На чело на винаријата е веќе докажаниот тим на енолози, Марко Стојаковиќ и Филип Камби, чија цел е да го пренесат в своите вина богатиот македонски тероар. 

Вината Домеин Лепово се достапни во продажба само во Хорека секторот, како во земјава така и во Србија, а во мали количини и во Кина.