Dalmacija Wine Expo 2015, Сплит, Хрватска

Пет, 24 апр 2015 to Саб, 25 апр 2015
Сплит, Хрватска

Винскиот фестивал Dalmacija Wine Expo 2015 ќе се одржи на 24ти и 25ти април во хотелот Радисон Блу во Сплит, Хрватска. Исто како и минатите години, учество ќе земат многу хрватски винарии како и винарии од регионот, вклучувајќи ја и Македонија. Освен преставување на винарии, ќе бидат одржани и многу дегустации, предавања и спарување на храна и вино во соработка со најдобрите ресторани во градот.  Едни од поинтересните дегустации и предавања кои ќе се одржат, сигурно ќе бидат оние на винскиот писател и консултант, Микел Худин насловена како "Каталонија и Далмација- сличности и разлики", дегустацијата на најдобри хрватски плавци од бербата 2012та која ќе ја води Саша Шпиранец, а интересно ќе биде и предавањето од претставници од WSET Хрватската винска академија, која е прва WSET Академија на Балканот и за која има се поголем интерес во регионот.  Повеќе информации за фестивалот и програмата, на следниов линк http://www.dalmacijawineexpo.com/