Брушани

Адреса: 
Ул. 35, бр. 2, с. Сопиште
Телефон: 
++389 (0)70 25 44 22

Винаријата Брушани, иако млада и мала бутик винарија, своите корени ги има уште во далечната 1938 година кога дедото на Орце, ја има засадено првата винова лоза на станушина. 75 години подоцна, Орце е цврсто решен да ја оживее традицијата и да продолжи со правење вино. Ја регистрира својата винарија во 2012-та и започнува со правење на вранец и станушина. Винаријата се наоѓа во Скопје, во селото Сопиште додека пак лозјето се наоѓа во Тиквешкото виногорје. 

Лозјата на Брушани се наоѓаат на падините на селото Бегниште во Тиквешијата, на надморска височина од 400 m, со југоисточна експозиција. Насадите на станушина изнесуваат 0,6 хектари и се стари 75 години, додека оние на вранецот исто така се 0,6 хектари и се со старост од половина век. Капацитетот на винаријата е 10,000 литри, додека годишното производство е 3000 литри. 

Вински туризам- Брушани располага со просторија за одржување дегустации со капацитет од 10 лица.