Златни медали за винариите Chateau Kamnik и Royal Winery Queen Maria на BIWC 2017

   Македонија се закити со три златни, девет сребрени и седум бронзени медали на шестиот по ред Тhe Balkans International Wine Competition (BIWC 2017). Винариjaта Chateau Kamnik освои две злата за Terroir Vranec Grand Reserva 2013 и Ten Barrels Cabernet Sauvignon 2013, додека новобрендираната винарија Royal Winery Queen Maria освои злато за Ravin Cabernet Sauvignon 2016. Од вкупно 25 пријавени примероци од Македонија, дури 18 вина освоија награди, додека вкупно на целиот натпревар беа пријавени и дегустирани 680 вина од целиот регион. 

   За најдобро вино на Балканот беше прогласено Mavrud Reserva 2013 на бугарската винарија Rumelia кое и го понесе големиот трофеј на Интернационалниот балкански вински натпревар 2017. Организаторката на BIWC 2017, директорката на фестивалот Галина Тодорова Нифору и претседателот на жирито на натпреварувањето Константин Лазаракис, ги прочитаа победниците на доделувањето кое традиционално се одржа во хотелот Гранд Хотел Софија. 

   Во викендот што претстоеше, по двата дена на натпреварување и оценување на примероците, чиј број беше рекорден оваа година, следуваше винскиот фестивал каде се преставија винарии од Бугарија, Грција, Романија, Хрватска, Србија, Турција, а од Македонија изложувач беше винаријата Стоби. 

Останатите  трофеи според категории отидоа кај следниве винарии:

Трофеј за најдобро бело вино – Elenovo Chardonnay 2015, Bulgaria
Трофеј за најдобро црвено вино – Mavrud Reserve 2013, Rumelia winery, Bulgaria
Трофеј за најдобро розе вино – Alpha Estate Rose 2016, Alpha Estate, Greece
Трофеј за најдобро пенливо вино – Brut Rose Blanc de Noirs, Edoardo Miroglio 2011, Bulgaria
Трофеј за најдобро десертно вино – MalvasiaMonemvasia 2012, Monemvasia winery, Greece

Трета година по ред беа доделени трофеи за вина од локални сорти:

Трофеј за најдобро бело вино од локална сорта –Vila Dobrusa 2015, Avincis winery, Romania
Трофеј за најдобро црвено вино од локална сорта –Proкupac 2015, Doia winery, Serbia
Трофеј за најдобро десертно вино од локална сорта –Vinsanto Sigalas 2009, Sigalas winery, Greece

Стефан Божиков, претседател на комисијата за избор на најдобри етикети, заедно со членовите Емануела Ковач и Емил Масларски, одбраа најдобар дизајн на етикета, најграда која втора година по ред се доделува во чест на бугарскиот уметник, Кољо Карамфилов, дизајнер на големиот трофеј на BIWC.

Трофеј за најдобар дизајн на етикета:  Podrum Janko, family labels, Serbia

Златен медал- Soulmates, Stratsin winery, family labels, Bulgaria
Сребрен медал –Signal, Lalikos winery, Greece
Сребрен медал – Stari Podrum, Plantaze, Montenegro
Бронзен медал – Rubayat family labels, VinexPreslav, Bulgaria
Бронзен медал – Djirdjic winery, Serbia

Вкупно беа доделени 40 златни медали- 10 за Бугарија, 1 за Чешка, 12 за Грција,  3 за Македонија, 3 за Црна Гора, 3 за Романија , 6 за Србија и 3 за Турција. Другите винарии од Македонија кои се закитија со медали се:
   Сребро за Тиквеш за Special Selection Vranec 2015, Alexandria Cuvee Red 2015, Special Selection Cabernet Franc 2016 и Special Selection Temjanika 2016, винаријата Стоби за Private Reserve Petite Verdot 2012 и Axios Merlot Barrique 2013, Домеин Лепово за Pinot Noir2015 и винаријата Лозар за Excellence Cabernet Sauvignon 2015 и Excellence Rose 2016. 
   Бронза за Шато Камник за Cuvee de Prestige 2015, Домеин Лепово за Chardonnay 2016, Royal Winery Queen Maria за Memento Rose 2016, Лозар за Excellence Vranec 2015, Стоби за Vranec Veritas Private Reserve 2013 и Rkaciteli 2016. 

 

Автор: Ивана Симјановска