World Bulk Exhibition 2014

Најголемиот фестивал за наливно вино (World Bulk Wine Exhibition) се фокусира на понатамошен развој. 

Најголемиот светски/ глобален собир на изложувачи на наливно вино ќе се одржи на 24ти и 25ти ноември во Амстердам.

По одличниот успех минатата година со забележан раст од 30% на изложувачи и 40% на посетители, Светскиот сааем за наливно вино (WBWE), се фокусира на својата шеста едиција која е закажана за 24ти и 25ти ноември оваа година во Амстердам во РАИ Ексо центарот (RAI Expo Center). За време на двата дена, на повеќе од 6,000 квадратни метри изложувачки простор, ќе бидат прикажани повеќе од 30 милиони хектолитри наливно вино, а производителите и купувачите ќе имаат можност да се фокусираат целосно на својот бизнис. Како дел од програмата на фестивалот, ќе се одржи и конференција под мотото "Претпочитање на одредени стилови вина во новите вински земји" ("Wine style preferences in the new consumer countries"), водена од Кике Пињеро ( Kike Piñeiro), гласот на винските награди (the "Voice of the Wine Awards”) како и на "Интернационалниот фестивал на наливно вино" ("International Bulk Wine Competition") за вина од целиот свет, од кои речиси 10,000 се произведени како резултат на истиот. Минатата година, Големото злато го освои Bodegas Las Mercedes од Чиле за своето Cabernet Sauvignon Plus 2013. WBWE 2013 имаше рекорден број на изложувачи, вкупно 175 од 16 земји, вклучувајќи и земји од Источна Европа кои се претставија за прв пат, како и 5,800 купувачи и посетители од винската фела од 71 нација. Организаторот на најголемиот глобален состанок на винската индустрија на наливно вино е Spanish Pomona Keepers SL од Манзанарес. За шестата по ред едиција која ќе се одржи на 24ти и 25ти ноември во Амстердам има големо големо побарување на изложбен простор.  Он лајн регистрацијата за изложувачи и посетители е веќе започната. 
 
Повеќе информации на следниов линк www.worldbulkwine.com. За подетални информации, може директно да се обратите до Томас Брандл, одговорното лице за земјите од Источна Европа на следниов имејл: thomas.brandl@xenos-comm.de