Втор #winelover hangout во Македонија

 

На 20ти јануари, во ресторанот МКЦ, се одржа вториот по ред #winelover hangout, каде љубителите на доброто вино, енолози, сопственици на винарии, се собраа уште еднаш да дегустираат интересна селекција вина, да продискутираат за истите и да уживаат. Настанот е замислен како BYOB- Bring Your Bottle забава, каде секој си ја носи омилената флаша вино и ја споделува со останатите. Интересно е да се каже дека на вакви настани, многу често може да дегустирате нешто што до тогаш не сте имале шанса, и да откриете некоја нова омилена винарија, вино,. . . 

Овој пат вечерта беше посебна бидејќи специјално за овој настан беа дојдени основачите на #winelover заедницата, Луиз Алберто (САД/Бразил), вински судија кој е во програмата WSET и наскоро ќе ја добие престижната титула Master of Wine и Андре Риберињо (Португалија), неофицијален амбасадор на Порто-то во светот, организатор на Summer Wine Market во Лисабон, Wine Market во Брисел и неговиот најнов проект, The Port Experience. 



Луиз Алберто, проф. д-р Горан Миланов, Ивана Симјановска, уредник на vino.mk и Андре Риберињо