Втор Балкански собир од вински причини

Изминатиот викенд во Софија, Бугарија, во хотелот Гранд Софија, се одржа вториот по ред Балкански интернационален вински натпревар BIWC 2013, каде се натпреваруваа повеќе од 400 вина од целиот Балкан. Фестивалот беше поделен на два дела, натпреварувачки кој траеше два дена, 16ти и 17ти мај, и вториот изложбен дел, 18ти и 19ти мај, кој беше отворен за јавност и на кој се преставија повеќе од 30 винарии од целиот Балкан. За време на двата дена во кои фестивалот беше отворен за јавност, се одржаа и Мастер часови кои беа единствена прилика да се дегустираат вина кои се многу ректи, како и да се слушнат предавања од за винскиот маркетинг, автентичноста на вината, вински медиа маркетинг итн.

На овој фестивал, Македонија освои 5 златни, 4 сребрени и 4 бронзени медали, а најбитното е што го освои Големото злато за најдобро црвено вино и Големиот трофеј за најдобро вино во сите пет категории и тоа за виното Merlot Single Vineyard 2010, на винаријата Шато Камник, со што ова вино и официјално е најдоброто вино на Балканот за 2013.

Останатите македонски винарии кои освоија медали на BIWC 2013 се следниве:

Златни медали
Шато Камник- Terroir Vranec Grand Reserva 2011
Стоби- Merlot Barrique 2011
Стоби- Aminta 2011
Тиквеш- Temjanika Special Selection 2012

Сребрени медали
Сковин- Markov Manastir Vranec 2008
Тиквеш- Sauvignon Blanc Special Selection 2012
Тиквеш- Barovo White 2012
Тиквеш- Vranec Special Selection 2011

Бронзени медали
Шато Камник- Ten Barrels Syrah 2010
Стоби- Vranec Veritas 2011
Тиквеш- Rkaciteli Special Selection 2012
Тиквеш- Barovo Red 2011

Победници на трофеите во сите пет категории се следниве:

Пенливо вино: Single Vineyard Brut 2007, Edoardo Miroglio, Bulgaria Бело вино: Techni Alipias (Sauvignon Blanc & Assyrtiko) 2012, Wine Art Estate, Greece
Розе вино: Le Photographe Rose (Grenache & Cabernet Sauvignon) 2012, Minkov Brothers, Bulgaria
Црвено вино: Merlot Single Vineyard Reserva 2010, Château Kamnik, Macedonia
Десертно вино: Disznókő Tokaji Aszú 5 puttonyos 2007, Disznókő Estate, Hungary

И повторно, Едоардо Мирољо од Бугарија, мајсторот кога се работи за пенливи вина, го понесе големото злато по втор пат, овојпат за своето Single Vineyard Brut 2007. Исто така, по втор пат оваа година, винаријата Wine Art Estate од Грција, една од оние винарии кои се водечки во производство на бели вина на целиот Балкан, а и пошироко, повеќе од заслужено се закити со големото злато во категоријата бело вино, за нивниот Techni Alipias (Sauvignon Blanc & Assyrtiko) 2012. Винаријата Disznókő Estate, и нивниот Disznókő Tokaji Aszú 5 puttonyos 2007 го доби големото злато во категоријата десертни вина.

Заклучокот обично доаѓа на крај, меѓутоа овде би сакала да споменам дека доколку на минататогодишното издание на фестивалот, бугарските вина победија во 4 од сите пет категории, па предизвикаа своевиден скептицизам кај винариите од останатите земји, оваа година натпреварувањето го оправда својот статус на независно, доследно и објективно. Виното уште еднаш ги урна границите на Балканот!

Жирито

Жирито на BIWC 2013  Гранд хотелот Софија каде се одржа BIWC 2013
Жирито на BIWC 2013 Гранд хотелот Софија каде се одржа BIWC 2013

Во првите два дена од фестивалот се одржа натпреварот каде судии од цел свет, вклучувајќи и тројца Master of Wine, Константинос Лазаракис (Грција) воедно и претседател на жирито, Кристи Кантербери (САД) и Андреас Викоф (Австрија). Покрај нив, интернационалното жири го сочинуваа и Саша Шпиранец, Хрватска, Јасен Захариев (Бугарија), познатиот светски вински критичар Џејми Гуди (Велика Британија), Ивана Симјановска (Македонија), Лоте Каролина Габровиц (Германија/Унгарија), Алесандро Гричоли (Италија), Владимир Цепелик (Русија), Јулија Костадинова (Бугарија), Хориа Ханас (Романија), Игор Луковиќ (Србија) и Танер Огутоглу (Турција) поделени во три панели, со по еден главен судија за секој панел.

Системот на оценување

Беше користен Австралискиот модел на оценување (Australian Show Model) каде се оценува по скала од максимум 20 поени. За да се одржи непцето свежо, бевме носени од серија на бели вина, па црвени, па пенливи, па повторно се враќавме на црвени вина. Деновите на оценување беа поделени во две дела, утринска и попладневна сесија, и во секоја сесија имаше по максимум од 5 серии на вина.

По дводневно внимателно оценување, доцна вечерта на вториот ден, жирито конечно го доби победникот кој беше објавен на гала вечерата која се одржа во хотелот Гранд Хотел Софија. На секоја од овие гала вечери, откако ќе се престават победничките вина и винарии, по еден преставник од жирито држи збор за секое од вината кои победиле во одредена категорија. Мора да кажам дека во моментот кога претседателот на жирито, Константинос Лазаракис, ме замоли да го одржам зборот за црвеното вино, беше очигледно дека Македонија победила во категоријата црвено вино. Освојување на големиот големиот трофеј, беше убаво заокружување на вечерта исполнета со победи за македонските вина.

Галина Тодороа-Нифору,основач и директор на фестивалот, Наталија Кузмановска,Шато Камник и Контантинос Лазаракис МВ, претседател на жирито на BIWC.

Резултатите од натпреварувањето се достапни на следниов линк http://www.balkanswine.eu/en/pages/Competition/Results/