Собир на љубители на вино

Кога зборуваме за љубители на вино, можеби најголемиот меѓу нив е Луиз Алберто, вториот најпознат вински блогер во светот. Неговата љубов кон виното е истата онаа која ги обедини луѓето од светот на виното во една многу интересна винска заедница наречена #winelover (љубител на вино).

Повеќе информации за Луиз Алберто се достапни на следниов линк http://thewinehub.com/home/?doing_wp_cron=1370212116.4207670688629150390625

Луиз Алберто, основачот на #winelover Собир на групата Winelover во Измир, Турција
Луиз Алберто, основачот на #winelover Собир на групата Winelover во Измир, Турција

 

Целта на оваа заедница, која денес брои речиси 9000 членови, е да ја промовира љубовта кон виното преку дигитални медиуми, социјални и едукативни настани како и преку најразлични споделувања на информации поврзани со виното- вински забелешки, спарување на вино и храна, промовирање на вински бизниси и сите аспекти од винската индустрија почнувајќи од вински лозја до чаши. И, не само тоа, туку и да ги обедини и насочи љубителите на вино, оние кои се студенти по енологија или пак оние кои се во програмата за добивање на најпрестижната титула во светот на виното Мастер за вино (Master of Wine) да ги организира во посетување на винарии од целиот свет и во посета на одредена земја да организира собир. Во групата може да членуваат вински ентузијасти од целиот свет.

Во текот на одржување на Балканскиот интернационален вински фестивал, BIWC 2013, ваков собир се одржа во Грејп Централ (Grape Central), прекрасен вински бар во центарот на Софија, кој доколку сте вински љубител, не смеете да го одминете.

Со Јана Петкова, ко-сопственик на Грејп Централ, дипломец на Академијата за вино во Виена

Со Јана Петкова, ко-сопственик на Грејп Централ, дипломец на Академијата за вино во Виена

Препознатливоста на винските ентузијасти кои членуваат во оваа група се маичките со логото на winelover. Најинтересниот дел од ваквите собири е тоа што секој од членовите на ваквите настани носи вино по свој избор, и тоа најчесто од својата земја, кое се дегустира во опуштена и релаксирана атмосфера. Винските забелешки во ваквите случаи се повеќе поетични отколку стручни. Уживањето во вината, ралаксираниот разговор и преставувањето на виното допринесува до полесно запознавање на земјата од каде потекнува истото, винаријата и карактеристиките на сортата и виното.

Мило ми е да соопштам дека ваков собир кон крајот на годинава ќе се случи и во Македонија, каде групата ќе посети неколку винари во земјава и ќе се запознае со македонските вина. Посетата ќе биде заокружена со голем вински собир каде ќе дојдат вински љубители од целиот свет.