PRODEXPO

PRODEXPO, Саем за пијалоци, храна и сурови прехрамбени производи, Москва, Русија

Од 11-15 февруари во Москва се одржа PRODEXPO, најголемиот саем во Русија и Централна и Југоисточна Европа специјализиран за пијалаци, храна, и сурови прехрамбени производи. Овој саем се одржа традиционално по 20ти пат. и е најголемиот руски саем за пијалаци, храна и сурови прехранбени производи каде беа застапени повеќе од 2.000 посетители. 

Меѓу повеќе од 2.000 илјадите изложувачи, се претсавија и македонските винарии Винар, Тиквеш, Шато Камник, Стоби, Сковин и Визба Валандово. Овој саем претставува одлична можност за промовирање на македонското вино, бидејќи рускиот пазар е еден од најпосакуваните за македонските винарии. 

Саемот PRODEXPO во текот на петте саемски дена, од 11 до 15 февруари, го посетија  околу  50  илјади посетители, меѓу кои специјалисти за храна и пијалаци, производители, сопственици на синџири од маркети, дистрибутери и слично.

Присуството на саемот во Русија е поддржано и во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, заедно со Македонско-руската стопанска комора.