Mundus Vini

Mundus Vini

Од 6ти до 8ми септември оваа година во Нојштадт ан дер вајнштрасе (во превод “Нов град на патот на виното” бидејќи самиот град лежи на германската винска рута) се одржа тринаесетиот по ред интернационалниот вински натпревар Mundus Vini.

Оценувањето на вината е според Интернационалната асоцијација на енолозите(UOIE) и Интернационалната винска асоцијација (OIV) и се употребува скалата од 100 поени. Секое вино се дегустира од комисија која се состои од пет до седум судии, и секоја комисија односно панел мора да се состои од четворица интернационални и тројца германски судии. Во секој од панелите на вински судии во текот на трите дена за времетраење на оценувањето се дегустираа приближно по 150 вина.

Оваа година беа пријавени повеќе од 6000 примероци на вина.

Интересно е да се спомене дека ниту едно вино, во тринаесетгодишното постоење на овој вински фестивал, нема освоено 100 поени.