Медитеранео 2012 Фестивал за вино, гастрономија и вински туризам

Оваа година, од 24-25ти ноември, во Белград по трети пат се одржа фестивалот Медитеранео, кој е посветен на виното, гастрономијата и винскиот туризам. Медитеранео оваа година се одржа во елитниот хотел Метропол палас во центарот на главниот град на Србија кој оваа година беше отворен по долгото реновирање, а кој на времето бил познат како еден од омилените хотели на Тито.

На самиот фестивал се претставија повеќе од 80 изложувачи од земјата како и од Хрватска, Македонија, Словенија, Црна гора- најмногу винарии, фирми кои нудат вински аксесоари, храна, пијалоци, сирења и кашкавали, чоколади, зачини,...Разбирливо дека најмногу имаше винарии од Србија кои очигледно е дека одат напред во производството на квалитетно и врвно вино, но, најбитно, во начинот на кој ги рекламираат своите вина пред домашната и странска публика.

Речиси пет илјади луѓе го посетија овој фестивал, каде имаше повеќе од 70 изложувачи, преку 40 работилници, мастер класови, предавања за климатските промени, иднината на винската индустрија во регионот, винскиот туризам, потенцијалот на производителите во регионот,.... За жал, од Македонија беше присутна само винаријата Тиквеш.

Во текот на двата дена, посетителите имаа можност и да уживаат во часовите по гастрономија и јадењата кои ги приготвуваа готвачи (chefs) од просторите на бивша Југославија. Македонскиот тим се претстави на чело со Стефан Стевановски, додека Асоцијацијата на готвачи на Србија со своите тимови, спремаа специјалитети од медитеранската кујна. 

Моето предавање на тема Македонија, винска винска земја, како дел од предавањата за винскиот туризам чиј модератор беше Милош Калапиш Со моите драги колеги- Саша Шпиранец, Хрватска  и Роберт  Горјак, Словенија - автори на хрватскиот односно словенечкиот вински водич

 

Еден од, за мене, најинтересните Мастер часови, на тема Вина од бивша Југославија, на Саша Шпиранец, каде меѓу другите вина, беше претставено и Бела вода на винаријата Тиквеш. 

“Не ги слушајте само вината кои викаат, туку и оние кои шепотат”...”Ако најпрво сами не ги цениме своите вина, никој нема да го направи тоа за нас”- порача Саша Шпиранец

Организаторот на Медитеранео, Саво Кесар, се потруди да ја донесе Кристи Кантербери, Master of Wine (Мастер оф вајн) највисока титула која може да се добие во винскиот свет, која одржа Мастер час на тема Грешки и мани кај вината.

Модератор на Мастер часовите беше Стеван Рајта, сомелиер и вински критичар 

Работилницата на Здравко Бркиќ, насловена како Cigar Hedonist Lounge-Големото финале, каде се дегустираа односно спаруваа кубански пури, коњак Реми Мартин со чоколади и различни видови кафе од земји како Етиопија и Папуа Нова Гвинеја, предизвика голем интерес и беше навистина едно големо уживање на сите сетила и совршено затварање на Медитеранео фестивалот. Навистина беше единствена прилика да се види и вкуси како може да се комбинираат овие задоволства, за да предизвикаат бум на сите сетила.