Голем тест на најдобрите вина во Србија

Голем тест на најдобрите вина во Србија организиран од www.vino.rs

Постојат вински натпреварувања на кои се чувствувам како да сум на мала дегустација на вина со најдобри пријатели, каде само дискутираме за вино, се забавуваме и го одбираме најдоброто вино на вечерта. Големиот тест на најдобрите вина во Србија, кој се одржа викендов во хотелот Фалкенштајнер во Белград беше несомнено собир на вински познавачи, дегустатори, вински судии, но истовремено, прекрасни пријатели и љубители на доброто вино. Вистинско винско натпреварување се одржа во Белград!

 

 

Во друштво на Роберт Горјак (Словенија), Саша Шпиранец (Хрватска), Димитар Николов (Бугарија), Огул Туркан (Турција), Стеван Рајта (Србија), Ѓурѓа Катиќ (Србија), Мирослав Јуришиќ (Србија), Золтан Гурфја (Унгарија) и Џејми Гуди (Велика Британија), двата дена на дегустирање беа вистинско задоволство.

Беа пријавени 160 етикети вино од 36 српски винарии и во текот на оценувањето се користеше стандардниот систем за оценување од 100 поени. Изненадувачки беше квалитетот на пријавените вина, и можејќи да направам споредба од претходните година-две следејќи ја винската сцена во Србија, голем напредок е постигнат во квалитетот на понудената селекција. Српските винарии и винари храбро чекорат напред!


 Џејми Гуди (Велика Британија) и Роберт Горјак (Словенија), претседатели на панелите судии

Само вински љубители чија пасија е виното, кои имаат визија и долгогодишно искуство може да организираат вака успешно винско натпреварување. Во организација на винскиот портал www.vino.rs и неверојатниот тим кој стои зад овој веб сајт, луѓе со визија и подржувачи на винската индустрија во Србија, па, и пошироко. За наша среќа, претседателот на целокуупното жири беше Игор Луковиќ, претседател на Здружението на сомелиери на Војводина, огромен вински љубител и човек со долгогодишно искуство во светот на виното.


Игор Луковиќ, претседател на жирито, Ѓурѓа Катиќ,сомелиер и Ненад Басариќ, уредник на www.vino.mk


 Виктор Чикеш-главен и одговорен уредник на www.vino.rs, Владимир Гајиќ и Слободан Видовиќ -дел од тимот на www.vino.rs


Жирито на Големиот тест на српските вина во организација на www.vino.rs


 Гранд при за винаријата Матаљ, Главните победници на вечерта

Листа на победници:

Најдобро вино во сите категории: Кремен камен, Каберне совињон 2011- винарија Матаљ, Неготин
Најдобро црвено вино- Кремен камен, Каберне совињон 2011- винарија Матаљ, Неготин
Најдобро бело вино- Тријумф шардоне барик 2012- винарија Александровиќ,
Најдобро розе- Розе 2012- винарија Темет, Јагодина
Најдобро пенливо вино- Пенливо вино Брут 2009- винарија Ковачевиќ
Најдобро десертно вино- Траминец Quet, 2012, касна берба- Фрушка Гора
Најдобро ароматизирано вино- Бермет бел 2012- винарија Киш, Сремски Карловци

Целата листа на победници е достапна на следниов линк:
http://www.vino.rs/akcije/veliki-test-2013/item/1148-proglaseno-najbolje...

Слики од доделување на наградите и прес конференцијата: