Белградски салон на вина 2012

Белградски салон на вина 2012

Белградскиот салон на вино е еден од најзначајните регионални случувања посветени на виното. Основан е во 2004-тата година, и како редовна годишна манифестација, оваа година, од 21ви до 22ри декември ќе ја прослави својата седумгодишнина. Идејата на фестивалот е на производителите на вино, професионалците од областа на угостителството и трговијата, како и љубителите на вино, да им се понуди еден содржински богат и логистички компактен настан, организиран на високо професионално ниво. 

Belgradski Salon 2012

На Белградскиот салон на вино учествуваат најзначајните винарии од Србија и регионот (бивша Југолавија), а директно или преку дистрибутери, секоја година се претставуваат и по неколку винарии со светска репутација.

Од Македонија, само винариите Шато Камник и Тиквеш ќе учествуваат на овогодинешниот Салон на вино во Белград. 

Белградскиот салон на вина се одржува секоја година во декември, во белградскиот елитен хотел Hyatt Regency, и концептуално е поделен на Главна и Пратечка програма, кои истовремено се одвиваат во неколку сали, каде се одржуваат дегустации на вино и храна, работилници, предавања, промоции, тематски ручеци и вечери, деловни средби, а и добра забава. Се’ на се’, повеќе од 40 различни случувања. 

Секоја година овој саем го посетуваат околу 3000 луѓе, од кои 1000 регистрирани професионалци од областа на угостителството и туризмот, како и околу 50 акредитирани новинари.

За производителите, овој саем е извонредна прилика своите вина да ги претстават своите вина на белградскиот пазар, како најбитниот пазар на вино во регионот.

За дистрибутерите, Белградскиот салон на вино е идеално место за остварување нови зделки и во претходните годии, повеќе од 85%  од производителите кои премиерно настапиле на овој саем, ги пронашле своите застапници за Србија или Црна гора.
Колку за пример, во 2010-та година, 111 винарии ги изложија своите вина.