Traikovsky Wines & Spirits, The Signature Label Riesling 2016

   The Signature Label Riesling 2016 на винаријата Traikovsky е елегантно вино добиено од сортата ризлинг од насади кои се наоѓаат на 700 метри надморска височина на Кожуф планина, микролокалитетот Плоштово, паралелата Барово-Бохула-Бошева-Крњево-Плоштово. Грозјето е берено рачно, а гроздовиот сок е добиен со пресување (самоток).

  Овој ризлинг се одликува со изразена свежина, интензивни и комплексни овошни ароми на цитрусно овошје, зелено јаболко, сочна и зрела круша, презреана праска, и флорални ноти на бело цвеќеВиното се одликува со лесно до средно тело, и на вкус изобилува со овошни ароми на лимон, јаболко, праска и круша, надополнето со ароми на благун даб и мед, балансирани киселини кои на виното му даваат свеж карактер, и минералност која дава дополнителна комплексност. 

   Прооизведено е во ограничена количина од 1600 флаши. Содржи ниско ниво на сулфат и користена е природна тапа за да се осигура дека виното ќе може да зрее со години во шише. Пуштено е во продажба во специјализираните продавници за вино и алкохол "Библиотека" на бул. Партизанска, "Macedonian Wines" на бул. Климент Охридски и "Bottega del Vino" во Лептокарија и рестораните "Public Room" и "Fish", а деновиве ќе биде достапно и во уште неколку ексклузивни локали.  

Дегустациски забелешки: Билјана Трајковска, сопственик на Traikovsky Wines & Spirits