Popova Kula, Stanushina Rosé 2014, Тиквешко виногорје

Станушина розе 2014 е прекрасно суво вино со нежна светло розова боја. Аромите се интензивни и богати. Во нив среќаваме нијанси на дива јагода, пролетни цветови  и арома на сок од дренка. Се дефинираат и аромите на свежи црвени овошки, пред се на јагода и малина. Вкусот е елегантен и долготраен, а завршетокот е свеж и пријатен.

Предлог за храна: Поради богатиот овошен карактер може да се консумира како аперитив во топлите летни денови, а исто така и како десертно вино со овошни салати и сладолед, на температура од 10-12˚C.

Станушината розе 2014 на винаријата Попова Кула е достапно во продажба во поголемите супермаркети и специјализираните продавници за вино и алкохол во земјава.

Дегустациските забелешки се преземени од веб сајтот на винаријата Попова Кула