Popova Kula, Sauvignon Blanc 2014, Тиквешко виногорје

Изненадувачки свеж, ароматичен и исклучителен примерок на македонски совињон блан, со ароми на шимширово дрво, свежо косена трева и листови на зелен домат. Вино кое се одликува со полн вкус на зелени пиперки, проследен со ноти на цитрус и зелена трева. 

Дегустациски забелешки преземени од Македонски вински водич 2014, Ивана Симјановска

Sauvignon Blanc 2014 на винаријата Попова Кула е достапен во продажба во поголемите супермаркети и специјализираните продавници за вино и алкохол во земјава.