Lazar Pinot Grigio 2016

Овој сив Бургундец, кој доаѓа од повисока микролокација и еколошка средина, ќе ве шокира со својот привлечен мирис на бели цвеќиња, лозарска праска, зелено јаболко и згмечени бели дудинки. Вкусот е свеж, мек и шармантен со одлично вклопени киселини и минералност која што мами за повеќе...и повеќе. Пробајте го со печен тиквешки крап и заплачете од среќа. 
Lazar Pinot Grigio 2016 е достапно во специјализираните продавници за вино (Библиотека, Форца вински бар во Скопје) и во одбрани ресторани низ земјава. 

Дегустациски забелешки преземени од винаријата